Насловна / Архитектура / Бајките на Андерсен оживеани преку архитектура на Кенго Кума

Бајките на Андерсен оживеани преку архитектура на Кенго Кума

Опкружена со зеленило, карактеристична со меко заоблени структури кои елегантно излегуваат од лисјата, куќата посветена на познатиот писател на бајки Ханс Кристијан Андерсен неодамна ги отвори вратите во данскиот град Одензе.

2_resize

Проектот за музејот, кој црпи инспирација од познатата бајка на Андерсен „Огнилото“, го потпишува прославениот јапонски архитект Кенго Кума, кој акцентот го ставил на комбинирање на бајковита архитектура, дизајн со акцент на дрвото и одржливоста.

3_resize

Волшебен детски универзум

Простирајќи се на 5.600 квадратни метри, музејот е распореден на неколку нивоа, од кои повеќето се наоѓаат под земја, со идеја да се создаде „волшебен детски универзум“ на најимагинативен можен начин, пишува Wallpaper.

1_resize

Одржливото и елегантно идејно решение на Кенго Кума ја родразува архитектурата инспирирана од природата, која е надополнета со бујни градини за чие уредување биле задолжени од пејзажни архитекти од MASU Planning.

Резултатот е натуралистичко, богато опкружување, кое повеќе претставува дива природа отколку негувана архитектонска градина.

Истовремено, во внатрешноста најсовремени технологии помагаат да се разгори имагинацијата на посетителите, благодарение на инсталациите на дизајнерите на изложби од агенцијата Event, кои успеале да го оживеат магичниот универзум на Андерсон.

8_resize

„Андерсен ни покажува дека нашиот свет е подлабок и побогат од она што го забележуваме на прв поглед додека ја набљудуваме нашата околина. Тој ни нуди можност повторно да го маѓепсаме светот. Со новиот музеј, нашата појдовна точка ќе бидат бајките што луѓето ги знаат – но ќе дозволиме бајките да зборуваат на начин што луѓето досега не го искусиле“, изјави Хенрик Либкер пред музејот.

6_resize

Архитектура која ја слави природата

Рампата долга 110 метри ги носи посетителите низ музејот, обезбедувајќи низ неколку сали различни искуства кои се поврзани со приказните и животот на Андерсон.

Низ целиот простор може да се види дека архитектурата ја слави природата и дрвото и внимателно го насочува погледот кон зелената средина низ големите прозорци.

4_resize

„На ѕидовите може да се видат пораките на Ханс Кристијан Андерсен, кои го одразуваат животот на авторот и неговото животно патување. Работата на Андерсон ја проектира дуалноста на спротивноста што не опкружува; реално и имагинарно, природа и дело на човекот, човекот и животните, светлината и темнината. Нашата цел оваа суштина на неговата работа да ја одразиме во архитектонска и пејзажна форма“, изјави Кенго Кума.

7_resize

Јапонскиот архитект исто така објасни и дека идејата зад архитектонскиот дизајн личи на методот на Андерсон, каде мал свет одеднаш се шири во поголем универзум.

„Не постои хиерархиски поредок во тој универзум и нема дефинирана насока. Го умноживме овој концепт и создадовме музеј составен од низа неповрзани искуства“, вели Кума.

Испрати коментар

Scroll To Top