Американскиот претседател Џозеф Бајден прогласи вонредна состојба во земјата поради опасност од недостиг на капацитетите за производство на електрична енергија и го продолжи ослободувањето од давачки за увоз на соларни панели од Азија, соопшти Белата куќа.
„Електричната енергија е основен дел од модерниот живот што ги напојува домовите, компаниите и индустријата. Тоа е клучно за функционирањето на главните сектори на економијата, како и болниците, училиштата, јавниот транспорт и одбраната. Дури и изолираните прекини на струја може да имаат катастрофални здравствени и економски последици“, наведе Бајден во изјавата.
Изјави дека сега е потребен силен и доверлив енергетски систем и дека тоа не е само основна човечка потреба, туку е од клучно значење за националната безбедност и прашањето за одбраната.