Насловна / Арт и дизајн / Baccarat – кристален лустер кој тежи повеќе од еден тон

Baccarat – кристален лустер кој тежи повеќе од еден тон

luster (2)

Француската куќа Baccarat го прослави својот 250 роденден оваа година, а како кулминација го претстави најголемиот лустер во својата историја – со тежина од 1,8 тони.
Во текот на целата година ја одбележуваа годишнината со различни нови производи, свечени настани и вечери. Во Париз, во моментов трае изложбата Baccarat: The Legend of Crystal, додека токиската Yebisu Garden Place ја осветлува најголемиот кристален лустер, кој Baccarat воопшто некогаш го креирал. Негов дизајнер е Yasumuchi Morita, кој користел 26.500 кристали, со вкупна тежина од 1,8 тони. Лустерот е висок над осум метри и широк речиси пет.luster
Лустерот првично бил замислен како декорација за салонот на една стара вила на еден од клиентите на куќата, а „Њујорк тајмс“ потврди дека ова кристално ремек-дело ќе биде понудено за продажба по завршувањето на славеничките настани. „Ние се уште не сме ја утврдиле конечната цена на лустерот, но како што можете да си замислите, сигурно нема да биде мала“, коментирала Daniela Riccardi, извршен директор на Baccarat.

Испрати коментар

Scroll To Top