Девет држави од Азија, меѓу кои Кина, Индија, Индонезија, Малезија и Тајланд, се наоѓаат на списокот на земји во кои во наредните 15 години најмногу ќе се инвестира во инфраструктурни проекти.
За изградба на нови патишта, пристаништа и аеродроми, но и во станбени објекти и деловни простории во Азија за овој период се планираат вложувања од над 1.800 милијарди долари, што е повеќе од 60 посто од вкупните средства што во оваа област до 2030 година ќе се потрошат во светот.
Најмногу средства ќе се трошат во Сингапур, каде што е усвоен конкретен план за нови градби до 2030 година, кои најмногу подредени на планираниот пораст на населението од сегашните 5,5 на 7 милиони во овој период. Сингапур, кој и во изминативе 15 години е на врвот на светската листа на држави што инвестираат во инфраструктура, останува и натаму лидер во оваа област на меѓународниот пазар, но странските инвеститори ќе немаат значајно учество, бидејки богатата држава-остров има доволно сопствен капитал.