Насловна / Вести / Азил за „напуштените“ билки во Љубљана

Азил за „напуштените“ билки во Љубљана

Napusteni bilki slovenija1

Две уметнички од Словенија, формирале непрофитно здружение за грижа на „напуштените“ билки, како и азил во кој заинтересираните можат да „усвојат“  украсни билки и цвеќиња, кои претходно биле исфрлени на улица од страна на цвеќарниците или сопствениците.

Napusteni bilki slovenija2

„Со својата акција сакаме да ги потсетиме луѓето дека ова се живи суштества на кои им треба нега и љубов“, велат младите академски сликарки Анамари Хруп и Ева Јера Ханжек, пишува словенечки “Dnevnik”.  Посетителите на нивното уточиште можат да ги разгледуваат билките, и евентуално да „усвојат“ некоја, при што потпишуваат договор дека ќе се гижат и редовно ќе ги заливаат. Хруп и Ханжек размислуваат за тоа да понудат сервис за нудење на услуга за грижа на билките по становите додека сопствениците се на одмор.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top