Во примена на Спогодбата на владите на Азербејџан, Грузија, Романија и Унгарија, а во врска со Стратепкото партнерство во областа на развојот на зелена енергија и транспорт – проектот „Зелен енергетски коридор“, романската компанија CNTEE Transelectrica SA и другите релевантни страни на ниво на секоја држава (AzerEnerji dd, Georgian State Electrosystem и MVM Zrt), потпишале Меморандум за разбирање со кој се согласни да превземат чекори за формирање на заедничка компанија.Компанијата од типот joint venture, за која е одобрено основање, би обезбедила реализација на проектот „Зелен енергетски коридор“, во согласност со спогодбата помеѓу владите на споменатите држави.
„Зелениот енергетски коридор“ е амбициозен проект договорен помеѓу владите на Азербејџан, Грузија, Романија и Унгарија, со поддршка на Европската комисија, кои ќе ги интегрираат регионалните енергетски капацитети и ќе обезбеди енергија по конкурентни цени од обновливи извори, во согласност со целите на енергетската транзиција на ниво на Европската унија.