Опасниот материјал кој е забранет во 65 земји, вклучувајќи ја и Македонија, изгледа дека повторно се заканува да се појави на мала врата, откако неодамна САД преку администрацијата на Трамп одобри одредено релаксирање на прописите во оваа област.
Имено, воведена е нова процедура, т.н SNUR (Significant New Use Rule), според која производите на база на зазбест можат да се пуштат во промет врз основа на поединечно барање и анализи.
Дупката во законот се појавила кога е изменет начинот на проценка на ризикот на производите изработени од потенцијално опасни хемикалии. Со измените, проценката на ризикот веќе нема да ги зема во предвид последиците или присутноста на азбестните честички во воздухот, водата или почвата, со што се отвора простор азбестот повторно да се врати во градежништвото. Овој докажано опасен материјал, во градежништвото највеќе се користеше за покриви и за водоводни цевки.
Според Светската здравствена организација, канцерогениот ефект на азбестот, преку вдишување на азбестна прашина е неспорен. Посебно се загрозени работниците во рудниците за азбест, градежните работници, и работниците кои работат на депонии и погони за рециклирање.