Насловна / Арт и дизајн / AW_Chair на Tonelli – столица со карактер

AW_Chair на Tonelli – столица со карактер

Tonelli Design, иконичен бренд специјализиран за висококвалитетен мебел, ја претставува практичната и разновидна AW_Chair.

2

Потпишана од познатиот дизајнер Масимо Кастање и изработена од цврсто дрво, оваа столица е резултат на внимателна рачна изработка и употреба на машини од новата генерација. Како и секогаш кај брендот Tonelli, вниманието на деталите е клучно; од металните акценти на потпирачот за грб до посебниот облик на ногарките, кои додаваат повеќе цврстина и отпор, па се до комбинации на ексклузивни ткаенини, секој дел придонесува оваа столица да стане префинет и карактеристичен елемент.

01

Ова софистицирано и префинето парче мебел во понудата има голем избор на тапацир во четири различни категории, од кои сите се квалитетни и направени во Италија. Од модерни bouclé ткаенини, преку текстурирани варијанти, до нежни пастелни бои, можат да се комбинираат со различни завршни дрвени обработки за да ги задоволат сите барања.

1 (1)

Технички детали

Столицата е изработен аод цврсто дрво јасен со ногарки со кружен пресек и рамка со попречни пречки. Достапна е во изданија од сибирски јасен, еукалиптус, природна дабова завршна обработка и црно лакирано дрво со отворени пори. Обликуваното и преслечено седиште, прекриено е со ткаенина. Потпирачот за грб е од обликувано дрво и прекриен со ткаенина со шиење во форма на јаже по должината на работ за да се види дрвото на задната страна. Спојот помеѓу потпирачот за грб и рамката е изработен од брусен метал.

03 0

Дизајнер

Уметничкиот директор на Tonelli Design од 2019 година, архитектот Масимо Кастања е име кое не  треба посебено да се претставува. Роден на 13. ноември 1957. година, дипломирал архитектура во 1984. година во Милано, а својата професионална кариера ја започнал во 1986. година со основање на студиото AD architettura. Имал многу професионални искуства во областа на архитектурата: станбени згради, хотели, ентериери, уметничко водење и дизајн во секторот за мебел, консалтинг, планирање и уметничко водење на продавници за мебел. За Tonelli Design, создаде неколку колекции воведувајќи го концептот на „Новиот модернизам“ и потпиша многу од најновите новитети на овој бренд.

3 02 04 00

Испрати коментар

Scroll To Top