Насловна / Вести / Автопатот Бар-Бољаре ќе почне да се гради до крајот на годинава

Автопатот Бар-Бољаре ќе почне да се гради до крајот на годинава

Montenegro_motorways
Кинеската Exim банка одобри кредит вреден 687,65 милиони евра за изградба на првата делница од автопатот Бар-Бољаре(до границата со Србија), од Смоквица до Матешево. За кредитот сега согласност треба да даде кинеската влада и се очекува сите процедури во Кина и Црна Гора, околу потпишувањето на меѓудржавен договор да завршат за месец и половина, изјави црногорскиот министер casino online за сообраќај Иван Брајовиќ и најави почеток на работите до крајот на годинава.

Црногорската влада минатата година ја прифати понудата на кинеските компании CCCC и CRBC за изградба на првата делница од тој автопат, вредна 809 милиони евра, а изградбата треба да трае четири години, јави Телевизија Црна Гора.Учеството на државата во изградбата на таа делнизца од автопатот ќе изнесува 120 милиони евра, додека со кредитот од кинеската банка ќе се финансира останатиот дел од инвестицијата.

Предуслов за доаѓањето на кинеските градежни компании е Црна Гора и Кина да потпишат меѓудржавен договор во областа на инфраструктурните проекти, кој треба да биде верификуван во парламентите.

 

Испрати коментар

Scroll To Top