Поштенските услуги минуваат низ револуционерна трансформација во насока на инкорпорирање на новите технологии во областа на испорака на пратките.
Ако во 60-тите години Битлси му дадоа централна улога на поштарот во својот хит Please, Mr.Postman, денес, 50-тина години подоцна човекот – поштар е заменет со робот како дел од автоматскиот систем за сортирање и испорака на писма и други пратки.
Во Норвешка, Posten-Norge, националната компанија за поштенски услуги, најми роботи за испорака на писма и пратки. Овој нов концепт е реализиран во партнерство со компанијата Buddy Mobility, која ги испорачува роботите. Buddy Mobility е концепт кој е во подем, и претставува сервис од автономни возила кои придонесуваат за ново ниво на ефикасност на урбаната мобилност. Во Германија, Deutsche Post, кој е дел од DHL, има сличен робот наречен PostBot. Тој се базира на моделот на робот кој е развиен од страна на француската компанија Effidence S.A.S. PostBot може да носи товар до 150 килограми. Швајцарската пошта, исто така го тестираше користењето на роботи во периодот од октомври 2017 до јануари 2018. За време на пробниот период роботите успешно направиле 200 достави, покривајќи 800 километри, без никакви инциденти или судири.