Проблеми со конекцијата, предизвикани од музички фестивал, доведоа до „заглавување“ на десет автономни автомобили на компанијата Cruise на улиците на Сан Франциско минатиот викенд. Станува збор за возила кои го блокирале сообраќајот во период од 15 минути, а фотографиите и снимките брзо се прошириле по интернет. Возилата нормално собраќале, с едодека низ агрешки не резултрале со блокирање на сообраќајот низ повеќе улици. Инцидентот се случува откако комисијата во Калифорнија и дозволила на компанијата Cruise да работи во Сан Франциско и делови на Сан Матео округот, 24 часа дневно.
За среќа немало поголеми проблеми, а од компанијата велат дека причина за инцидентот се проблеми со конекцијата предизвикани од одржувањето на музички фестивал. Сепак, Надзорниот одбор на Сан Франциско смета дека гужвата била опасна и дека овие возила не се подготвени за сообраќајниот шпиц. Градот го повика гувернерот да ја зајакне контролата над автономните взоила, бидејќи државата била таа која ја одобрила нивната проширена употреба низ градот.