Насловна / Вести / Автономни автобуси и во Мадрид

Автономни автобуси и во Мадрид

Започна испитувањето на автономните автобуси во јавниот превоз и во Шпанија. Станува збор за автономните електрични минибуси EZ10 на францускиот производител Easy Mile. Електричните автобуси возат на кружна линија со должина од 3,7 km, која поврзува осум постојки во склоп на кампусот на Автономниот Универзитет во Мадрид  (UAM) во Алкобендас во близината на Мадрид. Овие возила сообраќаат по истите сообраќајници со другите учесници во сообраќајот, а услугата на превозот е ограничена на работните денови во периодот од 7.15 – 15.15 h. Правецот на возењето е обележен со зелени црти на асфалтот, но таа ознака не служи како помош при управувањето со оптичките системи на возилата, туку за да ги предупреди останатите учесници во сообраќајот дека тука се одвива и сообраќај со автономни возила. Минибусот може да достигне брзина од 15 km/h, а во случај на опасност и непредвидени настани, во возилото сепак е присутно и одговорно лице. Капацитетот за превоз му е 12 патници. Освен UAM, во овој проект учествуваат шпанската Главна управа за сообраќај  (DGT) и Регионалниот конзорциум за сообраќај во Мадрид  (CRTM), додека со сообраќајот управува шпанскиот автобуски превозник ALSA.

alsa1

alsa2

alsa3

Испрати коментар

Scroll To Top