Насловна / Вести / Автономен багер гради камен ѕид како да реди сложувалка

Автономен багер гради камен ѕид како да реди сложувалка

Истражувачите од ETH Zurich, развиле метода со која го научиле автономниот багер самостојно да гради камени ѕидови користејќи големи карпи и градежен отпад. Овој иновативен пристап претставува значаен напредок во градежништвото. Проектот, кој е дел од Националниот центар за дигитална фабрикација  (NCCR dfab), вклучува мултидисциплинарен тим на истражувачи од различни лаборатории и катедри на ETH Zurich.

excavator1

Автономниот багер, наречен HEAP, успешно изградил ѕид висок 6 метри и долг 65 метри. Ѕидот е сместен во дигитално планиран и автономно ископан пејсаж и парк. Благодарение на сензорите, багерот може самостојно да креира 3D мапа на градилиштето и ги лоцира постоеките градежни блокови и камења потребни за изградбата. Посебно проектирани алати и пристапи на машинскиот вид му овозможуваат да скенира и фаќа големи камења во своето непосредно опкружување. Алгоритамот ја определува најдобрата позиција за секој камен, а потоа багерот самостојно ги поставува на одредено место.

excavator2

Испрати коментар

Scroll To Top