Познатиот бренд Bentley, посветен на класичниот луксуз одлучи да им овозможи на своите клиенти да уживаат во неговата елеганцијата во вид на облакодер со нивни потпис.
Автомобилскиот бренд се здружил со Deser Development и архитектонското биро Seiger Suarez Architects за да ја изгради првата станбена кула на Вentley која ќе биде сместена на Sunny Isles Beach, Флорида. Удобните резиденции на Aston Martin во Мајами ќе уживаат во друштво на објектот на Bentley од 60 ката, која се рекламира како највисока станбена зграда на американската плажа, а ќе содржи 216 луксузни апартмани. Сите станови се одлично поставени, а прозорците од подот до плафонот нудат прекрасен поглед на Miami Beach.
Идните станари можат да очекуваат пространи приватни балкони со базен, сауна и туш. Покрај становите предвидеа е и гаража за повеќе автомобили и патентиран „Dezervator“ или лифт за коли. Да се живее во луксузна кула исто така значи и да се има најдоброто од сè. Bently нуди неколку заеднички содржини, како што се ресторан само за станарите, внимателно уреден бар и салон за љубителите на цигари.
Кулата ќе вклучува и кино, скап фитнес центар и прекрасни заеднички градини за забава. „Додека се гради ги имаме во предвид сопствениците на луксузни автомобили, па така секоја резиденција ќе вклучува гаража со повеќе автомобили по станбена единица и патентиран Deservator (авто – лифт) заедно со сите најпосакувани луксузни содржини и услуги од светска класа“, велат од Bentley.
Фасадата на објектот наликува на дијаман со рефлектирачка површина со прекршени триаголни прозорци. Bentley Residences Miami би требало да биде завршена во 2026 година со станови вредни 4.2 милиони долари.