Според студијата за 3D печатење, индустриските производи ќе растат меѓу 13 и 23 отсто годишно и ќе достигнат обем од 22,6 милијарди евра во 2030 година. Според аналитичарите, најсилните двигатели на растот се: оптимизираните методи и материјалите за печатење.
Според пазарната студија „Глобален пазар на материјали за 3D печатење во автомобилскиот транспорт, прогноза до 2024 година“ од Фрост и Саливан, се очекува пазарот на материјали за 3Д печатење во автомобилската индустрија да расте со двоцифрена годишна стапка до 576,5 милиони евра до 2024 година. Во иднина, технологиите за 3D печатење ќе доведат до развој на специјализирани микро-фабрики за производство на делови по нарачка.
Една од клучните стратегии за раст на глобалниот пазар за материјали за 3D печатење во автомобилизмот и транспортот е зајакнувањето на продажната база на пазари како Кина, Индија и други азиски земји, бидејќи тие побавно ги апсорбираат новите случувања и се структурирани на начин чувствителен на трошоците. Понатаму фокусот е на разбирање на пазарот за да се одговори на динамичните потреби на иднината во индустријата и да се прилагоди на новите трендови.
Воведувањето на 3D принтери веќе доведе до значителни заштеди на трошоците за многу производствени и развојни компании. Фабриката за склопување на американскиот производител на автомобили Џенерал Моторс, на пример, тврди дека постигнала заштеда од повеќе од 300 илјади американски долари со купувањето на 3Д печатач пред три години. На пример, 3Д-печатената алатка што се користи за усогласување на идентификационите броеви на моторот и менувачот чини помалку од три долари во Џенерал Моторс. Традиционално произведен, алатот би чинел три илјади долари.
Традиционалните, централни производни линии сè помалку ги исполнуваат барањата на агилниот пазар. Ние сме во средина на револуција во мобилноста во која сегашните транспортни средства повеќе не одговараат на преференциите на купувачите кои брзо се менуваат. Денешниот свет се движи пребрзо за да го задржи традиционалниот концепт на производство.
АВТОР: Сања ВЕЛКАКОВА