Насловна / Екологија / Автомобилот „Тесла С“ со анимал принт во филм за поддршка на видовите кои изумираат

Автомобилот „Тесла С“ со анимал принт во филм за поддршка на видовите кои изумираат

Racing extinction

Оскаровецот Луи Психојос, познат по филмот „The Cove“ за кој во 2010 година доби награда од Американската филмска академија, сними нов документарец „Racing Extinction“ за животинските видови на кои им се заканува изумирање. Режисерот во филмот го користел модифицираниот модел „Тесла С“, кој го опремил со некои многу интересни уреди.

racing-extinction

„Тесла С“ е еден од современите автомобили за кои многу се зборува. Ретко кој ќе остане рамнодушен на луксузната електрична лимузина, која со едно полнење на батеријата може да помине околу 500 километри и која во најсилната верзија со два електромотори до 100 километри на час забрзува за помалку од три секунди.

Racing extintion Lui Psihojos

Психојос, кој во своите филмови се занимава со заштита на животните и влијанието на човекот врз природата, одлучил токму овој автомобил да го вклучи во своето ново филмско остварување „Racing Extinction“, кое имаше премиера на 2 декември на каналот „Дискавери“. За потребите за снимањето на филмот, „Тесла С“ е модифициран, па надворешноста е обоена со специјална електролуминисцентна боја која свети во темница, по примерот на некои животински видови од океанските длабочини. Освен тоа, на предниот дел на возилото е поставена инфрацрвена FLIR камера, која може да сними емисии на јаглерод диоксид од другите автомобили. Визуелано најинтересен детаљ, секако, е светлосниот проектор кој се наоѓа на задниот дел на автомобилот. Овој уред проектира огромни фотографии и видео снимки на животни и објекти, како згради, покрај кои се движи автомобилот.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top