Спортскиот автомобил Aston Martin од последниот Џејмс Бонд филм Spectre беше продаден на аукција за 3,1 милиони евра. Еден од двата DB10 модели од филмот ја надмина очекуваната сума од еден милион евра.
Автомобилот располага со V8 мотор, како и максимална брзина од 300 километри на час, но проблемот е што не смее да се вози на јавни патишта. На овој DB10 се наоѓа и потписот на актерот Даниел Крег.
Spectre аукцијата се одржа во куќата Christie’s во Лондон и беа собрани вкупно 3,6 милиони евра за хуманитарни цели. Костумот што Џејмс Бонд го носи во филмот достигна цена од 127 илјади евра, а снимката од Writing on the Wall од Сем Смит и нотите се продале за 12 илјади евра. Онлајн аукцијата ќе продолжи следната недела, а ќе бидат понудени уште 10 предмети.
Aston Martin е дел од приказната на Џејмс Бонд уште од филмот Goldfinger од 1964 година кога првата „улога“ ја имаше моделот DB5.