Според новите безбедносни регулативи кои стапија на сила минатиот месец, постојат најмалку 20 технологии кои се стандардни во сите автомобили во продажба во ЕУ и во Велика Британија. Новиот арсенал на безбедносна опрема (General Safety Regulations 2) истовремено го поскапува производството и на поевтините автомобили, што веројатно ќе доведе и до раст на нивните продажни цени. Овие новини се воведуваат во две фази – првата фаза веќе стартуваше на 6-ти јули 2022, а втората ќе биде активирана во 2024 година.
Еден од моделите кои нема да ги преживее новите прописи е Toyota GR86. Вградувањето на камера за интелигентна асистенција за брзината на возилото и систем за одржување на возењето во рамките на сообраќајната лента, не можат лесно да се вградат во архитектурата на ова возило. Затоа, јапонската компанија најави крај за овој модел во Европа, само две години после неговата премиера.
Европската унија усвои нови регулативи со цел да го преполови бројот на смртни случаи на патиштата со 2020 година, и да се „приближи до нулта вредност“ до 2050 година. Автомобилската индустрија тврди дека безбедноста и е приоритет, но истовремено се грижи поради ригидноста на овие прописи за одредени класи на автомобили и неподготвеноста на Европската унија да ја прилагоди временската рамка и безбедносните закони кон производните циклуси на автомобислките модели.