Насловна / Арт и дизајн / Автомобили BMW како уметнички дела: Проект на фондацијата Calder и BMW Group Classic

Автомобили BMW како уметнички дела: Проект на фондацијата Calder и BMW Group Classic

Откако BMW Art Car на Calder учествувал на трката 24 Hours of Le Mans во 1975, возилото е прикажано на големата ретроспектива на уметникот во Њујорк во 1976 година, каде заземало истакнато место. Фондацијата Calder и BMW го најавуваат претставувањето на Calder BMW Art Car (Artist’s Proof) уметничкиот автомобил за денот на отворањето на изложбата Alexander Calder: Minimal/Maximal во  Neue Nationalgalerie во Берлин на 22-ри август. Во име на фондацијата  Calder и со поддршка на  BMW Group Classic, се оствари сонот на Calder за создавање на сопствен примерок на  BMW-овиот уметнички автомобил. Alexander S. C. Rower, внукот на уметникот и претседател на фондацијата Calder, вели: „Прв пат го видов BMW Art Car како дете на отворањето на сеопфатната ретроспектива на мојот дедо во музејот Whitney 1976 година. Тој почина неколку недели подоцна. Затоа, сега сум возбуден што конечно дојде овој ден“.

calder

BMWartcar1

Alexander Calder Minimal Maximal dtengl von

 

По повод отворањето на изложбата Minimal/Maximal во Neue Nationalgalerie, чиј фокус е на соработката како клучен елемент во работата на Calder, ќе се стартува моторот на возилото. Важно е да се нагласи дека не станува збор за реплика, репродукција или слика 1:1 на  BMW Art Car на Alexander Calder од 1975 година. Наместо тоа, тој е идентична копија на примерокот на кој уметникот имал право, но кој сеуште не е реализиран. Сите детали одговараат на оригиналниот BMW 3.0 CSL па Artist’s Proof ќе носи ист идентификациски број на возилото со додаток AP (227592 / AP). Приказната зад Calder-овиот легендарен  BMW Art Car не настанала во автомобилската туку во воздухопловната сфера. Во 1974 година, францускиот акционер и возач на тркачки авто автомобили Hervé Poulain, го посетил уметникот во неговото ателје во  Saché во Франција и му предложил својата неодамна договорена соработка со Braniff International Airwaysom да ја пренесе во светот на автомобилите. Обоениот авион на Calder, DC-8-62,кој својот прв лет го имал во 1973 година, бил исклучително успешен. Како резултат на тоа, BMW и Hervé Poulain нарачале од уметникот да дизајнира тркачки автомобил BMW, кој ќе се натпреварува на трката 24 Hours of Le Mans во 1975 година.

BMWArtcar4

BMWartcar3

 

Оваа значајна соработка е почетна точка за целата  BMW колекција на уметнички автомобили, врвно и познато спојување со светот на уметноста. По учеството на оваа трка, возилото е прикажано на големата ретроспектива на уметникот во Музејот на американската уметност  Whitney во Њујорк во 1976 година. Од 21-ви мај годинава, по прв пат во историјата, BMW Art Car на Alexander Calder и реномираната  BMW Art Car Collection изложуваат во augmented reality (AR), по пат на бесплатната апликација Acute Art, со што прв пат се прикажуваат скулптури во дигитален облик.

BMWartcar5

Првите BMW Art Cars автомобили кои се сеуште достапни по пат на апликацијата се: Alexander Calder (BMW 3.0 CSL, 1975.), Michael Jagamara Nelson (BMW M3, 1989.), Ken Done (BMW M3, 1989.), Matazo Kayama (BMW 535i, 1990.), Esther Mahlangu (BMW 525i, 1991.), Jeff Koons (BMW M3 GT2, 2010.) и John Baldessari (BMW M6 GTLM, 2016.). Другите BMW Art Cars автомобили ќе бидат интегрирани во апликацијата Acute Art на секои две недели. На време за Art Basel во Basel, сите уметнички автомобили ќе бидат сместени во апликацијата. BMW Group Cultural Engagement и BMW 3.0 CSL оваа година прославуваат 50 годишнина. Како сериска верзија BMW 3.0 CSL на улиците се појавил заедно со BMW 3.0 CSi во 1971 година, и ги имал своите карактеристики во самото име: coupé, sport, lightweight. BMW 3.0 CSL се натпреварувал во познатите бои на BMW Motorsport Works и шест пати победил на European Touring Car Championship.

BMWartcar6

Испрати коментар

Scroll To Top