Насловна / Арт и дизајн / Автомобил се трансформира во споменик – паркиран на истото место 47 години

Автомобил се трансформира во споменик – паркиран на истото место 47 години

Во еден италијански град стои паркирана Lancia Fulvia  веќе 47 години на истото место.  Автомобилот со сина боја му припаѓа на 94 годишен поранешен локален продавач на весници, кој со својата сопруга долги децении имале киоск пред нивната куќа. „Кога започнавме со работата, беше логично автомобилот да биде паркиран овде, бидејќи весниците ги истоварав и ги внесував во објектот. Но кога заминавме во пензија, автомобилот остана на истото место“, рекол сопственикот за медиумите. За овие речиси половина век, автомобилот станал симбол на градот. Туристите, но и граѓаните правеле селфи фотографии кои ги преплавиле социјалнте мрежи.

lanc1

lanc2

Но, според новиот закон за патиштата, местото на кое со децении е овој автомобил веќе не е дозволено за паркирање. После бурни дебати по медиумите, конечно градските власти донеле одлука да го преместат. Прво, на 20-ти октомври автомобилот е префрлен на саемот за автомобили во Падова, каде бил изложен заедно со десетици други безвременски класици. Потоа, возилото е однесено во работилница со цел да се поправат и санираат оштетувањата. Кога ќе биде комплетно реставрирана оваа Lancia Fulviа ќе биде поставена пред локалното училиште, недалеку од куќата на брачната двојка.

lanc3

Испрати коментар

Scroll To Top