Овој автомобил е конструиран во Велика Британија, а претставен е на Саемот во Љубљана. „BloodHound SSC“ развива брзина од 1600 km/h за помалку од една минута. Супербрзиот автомобил од 135.000 коњски сили го конструирале инженерите што ги конструираат вселенските бродови, а го дизајнирале стручњаци од „Формула 1“. „BloodHound SSC“ ќе биде тестиран во пустината помеѓу Јужноафриканската Република и Намибија.
Доколку тестирањето биде успешно, автомобилот и официјално ќе стане побрз од куршум истрелан од „магнум 357“!
Со возилото ќе управува автомобилистот Енди Грин и ќе се обиде да достигне брзина од 1.609 километри на час и да го сруши светскиот рекорд во брзина на движење со автомобил кој изнесува 1.287 километри на час и кој исто така го поставиле конструкторите на автомбилот “BloodHound SSC” во 1997 година.