Лондонската аукциска куќа „Сотеби“ во септември на своја аукција ќе го понуди автомобилот на Џон Ленон – Austin Princess од 1956 година.
Ленон го купи автомобилот во 1971 година, а сега е во сопственост на тексашкиот музеј Rock and Roll Car, на кого му го донирал неговиот претходен сопственик, познатиот колекционер на автомобили Milton Verret.
Автомобилот е виден во филмот Imagine: John Lennon од 1988 година, а во задниот дел се уште ги има авионските седишта кои Ленон ги додал, а новиот купувач ќе го добие со оригиналните документи и со потписот на Ленон.
Се проценува дека автомобилот моментално вреди помеѓу 250 и 325 илјади долари, а дел од приходите од продажба на аукцијата ќе бидат донирани на УНИЦЕФ, фондацијата Make-A-Wish и Dell Children’s Medical Center.