Насловна / Вести / Автомобил кој е непроменет речиси 40 години

Автомобил кој е непроменет речиси 40 години

Ова возило е визуелно непроменето речиси 40 години, но воопшто не губи од својата популарност на пазарот. Станува збор за Toyota Land Cruiser 70. Особено е баран во рурална Австралија, каде особено се на цени вакви возила – солиден и квалитетен pick-up за најтешки работи и задачи. Во Land Cruiser 70 е вграден 4,5 литарски V8 турбодизел мотор. Почетната цена е 67.000 евра.

тоѕота1

toyota2

Низ годините, ова возило е модернизирано, добило ABS, воздушни перници, електрични прозорци, навигација, но основниот облик е идентичен. Книгата на нарачки за овој модел е полна до средината на 2024 година. Денес Toyota нуди модерни и моќни теренци базирани на дизајнот на овој стар модел, но побарувачката не може да се спореди со онаа на седумдесетката.

toyota3

 

Испрати коментар

Scroll To Top