Насловна / Вести / Австриската влада сака секој граѓанин да плаќа данок за глобалното затоплување

Австриската влада сака секој граѓанин да плаќа данок за глобалното затоплување

Австрија сака да стане климатски неутрална до 2040 година, една деценија порано од таргетот на ЕУ, но тоа ќе бара длабоки структурни промени во стопанството. И покрај производството на околу 4/5 електрична енергија во хидроцентралите, емисиите на стакленички гасови во земјата продолжија да се зголемуваат во изминатите три децении, поради индустриското загадување и порастот на бројот на автомобили. Во моментот, Австрија според емисиите на јаглерод диоксид по глава на жител (7,6 t)  е на 42-рото место во светот . Ова ја наведе коалициската влада составена од конзервативната народна партија и зелената партија, да започне со „еко-социјално-даночна реформа“, која би била централен дел на австриската климатска политика. Toа ја навело коалициската влада, составена од конзервативната народна партија и зелената партија, да започнат со „еко-социјална-даночна реформа“, која би била централен дел на австриската климатска политика. Челниците сакаат да стават цена на емисиите и да го спуштат тој трошок во сите сегменти – од патниот сообраќај па до греењето на домаќинствата.  Во суштина, граѓаните ќе плаќаат за секој тон јаглерод диоксид кој ќе го емитуваат. Меѓународниот монетарен фонд ја одобри оваа идеја, препорачувајќи цена од 100 евра по тон до 2030 година. Во моментот во Австрија граѓаните и малите компании се ослободени од плаќање на ваква такса. 

austria20401
austria20402

Испрати коментар

Scroll To Top