Австриската компанија „Штрабаг“ сака да купи претпријатија за изградба на патишта, кои државата Србија му ги одзела на Мило Ѓурашковиќ и кои вработуваат над 900 работници, дознава српски „Блиц“. „Штрабаг“ на адресата на „Агенција за приватизација“ испратила понуда за преземање на компаниите ПЗП „Београд“ и „Војводинапут-Бачкапут“.
Со двете фирми до ноември 2011 година раководел Мило Ѓурашковиќ, сопственик на „Нибенс група“, кој е обвинет за измама и даночно затајување во компаниите за одржување на патиштата.
„Штрабаг“ е една од водечките компании за изградба на патишта во централна и источна Европа. Со 75.000 вработени е водечка градежна компанија во Германија, Австрија, Унгарија и Чешка. Во Србија се сопственици на три компании – „Путеви Чачак“ и претпријатијата за патишта од Заечар и Панчево.
– Со купување на ПЗП „Београд“ и „Војводинапут-Бачкапут“, „Штрабаг“ практично ќе добие половина од пазарот во Србија. Имаат стратешки интерес за овие компании, бидејќи го држат половина од пазарот во Унгарија, и се сопственици на фирмата „Црна Гора пут“ – изјави за „Блиц“ Слободан Јовановиќ, поранешен директор на ПЗП „Београд“.
Тој објаснува дека ПЗП „Београд“ одржува половина од патиштата во Белград, каде што има силна конкуренција, што не е случај со компанијата во Војводина.