Насловна / Вести / Австрија со судска постапка против изградба на нов нуклеарен реактор во Унгарија

Австрија со судска постапка против изградба на нов нуклеарен реактор во Унгарија

Со постапка пред Европскиот суд на правдата, Австрија ќе ја спори одлуката на европската Комисија со која се одобрени плановите на Унгарија за проширување на капацитетите во нуклеарната енергетика. Владата на Австрија, на чело со канцеларот Себастијан Курц, ветува дека ќе ја продолжи повеќедецениската политика на официјална Виена против нуклеарната енергија. Уште минатиот месец, австриската влада најави покренување на правна постапка против проширувањето на нуклеарната централа Пакс, сместена во близина на австриско – унгарската граница. Австрија порачува дека за нуклеарната енергија нема место во Европа. Унгарија има намера да започне со изградбата на новиот реактор оваа година, а се очекува да биде завршен во 2025 година.

Инаку, во најголем дел од комплексните случаи од овој вид, Европскиот суд на правдата во Луксембург носел одлуки во користе на Европската Комисија.

paks 2

Paks 3

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top