Сојузните австриски покраини кои досега „ги кочеа“ ветерните електрани, сега ќе треба да ги редефинираат своите планови. Австрискиот национален парламент гласаше за нов закон за проширување на инвестициите во обновливи извори на енергија. Законот ја поставува 2030 година како национална цел до 2030 година да се достигне 100% удел на енергијата од обновливи извори, наспроти сегашните 75%. За да стане реалност овој план, на Австрија ќе и требаат дополнителни 27TWh во производството на електрична енергија. Од тоа, 10 TWh ќе мора да се обезбедат од нови ветерни електрани, а тоа значи инсталирање на над 500 MW нови капацитети секоја година, од сега па до 2030 година. Законот исто така воведува нов систем на пазарни премии. Според тоа, после неколку години прилично лоша ситуација во однос на просторното планирање поврзано со ветерните електрани во Австрија, сето ова упатува на нов почеток во развојот на нови проекти во оваа земја. Сега сојузните покраини имаа задача да ги задвижат работите преку определување на доволно локации за ветерни електрани, бидејќи тие се одговорни за просторното планирање и без нивната соработка Австрија не ќе може да ја постигне својата амбициозна цел.