Насловна / Вести / Австрија ги модернизира и ги враќа на пругите ноќните возови

Австрија ги модернизира и ги враќа на пругите ноќните возови

Австриската јавна железничка компанија OBB ја претстави последната генерација ноќни возови во европа во време кога овој побавен, но еколошки прифатлив начин на превоз, почнува да се враќа на голема врата. Новите ноќни возови се претставуваат во Виена, по повод одбележувањето на 100 годишнината од австриската компанија.

nighttrain1

Патниците во возовите, кои би требало да бидат пуштени во сообраќај на 10-ти декември на линиите Виена – Хамбург и Инсбрук – Хамбург, ќе имаат поголем комфор, вклучувајќи и тушеви. Можат да возат до 230 km/h, и постепено ќе се воведуваат освен во Австрија и Германија, и во Швајцарија, Италија и Холандија. Во Франција зелено светло треба да даде управата за национални железници.  Но, од друга страна, постојат и бројни предизвици како на пример цената на потребните материјали за замена на вагоните кои често се стари и по неколку децении, како и ниската исплатливост на овој вид сообраќај.

nighttrain2

 

Испрати коментар

Scroll To Top