Насловна / Архитектура / Австралиските архитекти со бесплатни проекти за погодените од пожарите

Австралиските архитекти со бесплатни проекти за погодените од пожарите

Над 100 австралиски архитектонски бироа формирале организација наречена Architects Assist, која ќе обезбеди про – боно проектантски услуги на погодените од пожарите во  Австралија.

Architects Assist ќе понуди бесплатни проекти и помош при планирање за да им помогне на луѓето „да ги обноват своите животи“ уништени од големите пожари кои пламнаа низ Австралија.

Иницијативата е на архитектот Jiri Lev, основач на австралиското биро Atelier Jiri Lev, во момент на „растечкиот обем на катастрофата“ која ескачираше во голем број градови кои мораше да бидат евакуирани.

Lev верува дека индивидуалното делување не е доволно за да се пружи помош на оние кои се  погодени од кризата и затоа ги поканува архитектите да се соберат и помогнат.

avs

„Постојат многу великодушни луѓе во архитектурата, кои се секогаш подготвени да помогнат“, вели Lev за Dezeen. „Иако ресурсите на некои фирми, природно е дека се ограничени за испорака на про боно работа“, додава.

„Некои подрачја имаат малку архитекти, додека други се презаситени со што повеќекратни симултани напори може да се преклопуваат или да се судираат. Заедничката платформа за здружување и координација се чини дека е природен исход“.

Architects Assist ќе ја координира про-боно работата

Architects Assist на луѓето погодени од пожарите ќе им понуди проекти и планирање за да го повратат загубеното.

Исто така, ќе им понуди поддршка на малите бизниси или заедници да ги обмноват објектите, како што се продавници, сали, цркви или театри.

По контакт со групата, поединци или фирми во зависност од потребата ќе бидат поврзани со „најпогодното“ архитектонско биро во моментот за преземање на про-боно проект.

„Во оваа фаза, ние дејствуваме како центар за координација. Ние ги оценуваме барањата за про боно проектите  и ги упатуваме до соодветни колеги“, објаснува  Lev.

Откако ќе се договори одредено биро, архитектите ќе направат проект за нов објект за физички лица или за фирми, кој ќе биде отпорен на природни катастрофи и изграден од одржливи материјали.

avs1

Околу 300 архитектонски бироа  веќе се приклучија

И покрај тоа што организацијата Architects Assist е основана пред само неколку дена, околу 300 архитектонски бироа  веќе се приклучија, вклучувајќи и повеќекратни добитници на Gold Medal на Australian Institute of Architects.

Групата исто така има повеќе од 500 студенти и млади дипломирани архитекти кои нудат помош и експертиза, за што Lev започна посебна база на податоци.

„Имавме интерес и понуди за помош од широк спектар: од студенти до значајни архитекти, добитници на важни награди на австралискиот Институт за архитекти“, вели Lev за Dezeen.

„Мислам дека кога ќе се соочите со реалноста на голема катастрофа, станува неподносливо да не правите ништо. Архитектите и студентите продолжуваат да се пријавуваат“.

“Кога пожарите конечно ќе стивнат, на луѓето веројатно ќе им треба некое време пред да почнат да размислуваат за обнова. Во овој момент, можам слободно да кажам, ние сме подготвени кога ќе им бидеме потребни“.

Lev се надева дека иницијативата ќе продолжи и подалеку од кризата со огнот и постојано ќе обезбедува поддршка за австралиските граѓани во идните катастрофи, исто така верува дека ќе делува како катализатор и ќе потикне голем број други иницијативи низ целиот свет.

Тој го воспостави Architects Assist: Global Directory – листа за подигање на свеста за други земји со услуги за координација и упатување за боно помош, слична на Architects Assist.

„Не сум одличен планер, но секогаш ќе има луѓе кои имаат потреби, така што се надевам дека Architects Assist ќе продолжат да работат во недоглед“, вели Lev.

„Би сакал да видам слични инцијативи кои се однесуваат на проблемите во земји каде традиционално испраќаме меѓународни работници и покрај достапност на локални експерти, кои можеби не се соодветно организирани“.

Испрати коментар

Scroll To Top