Климатските промени ја поттикнуваат појавата на пожарите, а последиците од огнената стихија пак ги забрзуваат ште повеќе клиамтските промени. Така се создава еден страшен круг од кој етешко да се излезе. Последните во низата катастрофални пожари, беснее во шумските предели на Австралија, но зафаќа и населени подрачја во руралниот дел на земјата. Дисега пожарите зафатиле површина од неверојатни 5 милиони хектари. Размерот на оваа стихија можеби најдобро може да се илустрира со податокот дека минатогодишните пожари во Амазонија зафатија 900.000 хентари. Државите Викторија и Нов Јужен Велс имаат најголем проблем со пожарите, но не се поштедени ниту останатите делови. Освен трагичната загуба на најмалку 20 човечки животи, се проценува дека страдале над 500 милиони животни. Ова ќе остави страшни последици врз биодиверзитетот на континентот.
Иако противпожарната служба на Нов Јужен Велс која има 74 000 волонтери е најголема во светот, сепак загубите с еогромни а борбата со пожарите и натаму секојдневно продолжува. Топлото време со екстремно високи температури уште повеќе ги распламтува пожарите.