Иако Австралија буквално се капе во сончевите зраци, високите цени на традиционалните соларни покриви базирани на силициумски ќелии, делуваат дестимулативно кај домаќинствата. Но, решението е на повидок.
Австралиски тим научници тестира евтини соларни панели, кои можат да се „испринтаат“, имаат дебелина од одвај 0,1 милиметар, што значи дека се прилично практични, посебно во време на некои катастрофи. Прогнозите велат дека квадратен метар од овие панели ќе чини околу 10 австралиски долари (6,7 евра). Во моментот се врши последната фаза од тестирањето.