Насловна / Вести / Австралијците протестираат против државната климатска политика

Австралијците протестираат против државната климатска политика

Конзервативната влада на австралискиот премиер Скот Морисон, се соочува со се поголем притисок да направи повеќе по прашањето на климатските промени. Главните улици во Сиднеј беа блокирани додека граѓаните извикуваа: ScoMo has to go (ScoMo треба да си оди), алудирајќи на премиерот, додека други носеа транспаренти на кои пишуваше: „Не постои клима Б“ и „Спасете не од пеколот“. Слични протести се одржани и во Канбера и Мелбурн кои од овој месец се меѓу градовите со најзагаден воздух на светот. Морисон повеќе пати ги отфрли критиките дека неговата влада не прави доволно по тоа прашање и истакнал за сиднејското радио  2GB дека е разочарувачки фактот што луѓето ги поврзуваат пожарите со владиното намалување на предвидените цели по однос на борбата против климатските промени. Партијата на актуелниот премиер ги победи лабуристите на изборите во 2019 година, со платформа која се залага за зачувување на индустријата на јаглен во Австралија. Минатата година пак, земјата ги намали своите првични обврски кон Парискиот договор за климата.

AUSTRALIA-WEATHER-FIRE-ENVIRONMENT-CLIMATE

australiaprotests2

australiaprotests3

Испрати коментар

Scroll To Top