Владата на Австралија најави дека ќе потроши уште 630 милиони евра за подобрување на состојбата со Големиот корален гребен, откако спречи тој да се најде на листата на УНЕСКО на загрозено светско наследство во јули минатата година. Критичарите на владата тврдат дека оваа инвестиција е обид на конзервативната владејачка коаиција да го поправи својот рејтинг во очи на парламентарните избори, додека во исто време не работи ништо за спречување на најголемата закана за коралите – растот на температурата на океанот.
Повеќе од половината од наведениот износ, во текот на девет години ќе биде вложена во санација на ерозијата на земјиштето долж североисточниот брег на Австралија, подобрување на состојбата на земјиштето и намалување на истекувањето на хранливите материи и пестициди во океанот. Дел од средствата ќе бидат доделени на агенцијата која управува со Големиот корален гребен, со цел намалување на заканите од бодликавата морска ѕвезда и спречување на илегалниот риболов. Еден дел од парите ќе биде наменет за истражување на начинот на зголемување на отпорноста на гребенот.
Две третини од гребенот се оштетени бидејќи исклучително високите температури на океанот во 2016, 2017 и 2020 година довеле до т.н избелување на коралите, состојба во која тие се значително повеќе подложни на болести и угинување.