Една австралиска соларна компанија ја разви најефикасната комерцијална соларна ќелија со ефикасност од 25.54 % (сегашен рекорд 25.26 %). Резултатите се тестирани и верификувани од страна на Институтот за истражување на соларна енергија „Хамелин“ во Германија. Компанијата која стои зад овој потфат е SunDrive, чии почетоци датираат од гаража во 2015 година. Формирана е од страна на тогашниот PhD кандидат на University of New South Wales, кој имал идеја да направи соларни панели кои ќе бидат значително поевтини, така што наместо сребро ќе користат бакар. Имено, среброто е една од основните компоненти на денешните соларни ќелии. Со неговата супституција со бакар, се постигнува повеќектарно пониска цена, но и пониски температури во процесот на производство, што резултира во пониска потрошувачка на енергија.