Експерименталниот авион на соларен погон Solar Impulse 2 во својата последна фаза слета во Њујорк. Пред да слета на меѓународниот аеродром „ЏФК“, авионот кој што е произведен во Швајцарија направи симболичен лет над Кипот на слободата.
Solar Impulse 2 кој има цел да ја промовира „чистата енергија“, пред два дена полета од Пенсилванија.
Според планот, експерименталното летало требаше кон „Големото јаболко“ да тргне во понеделникот вечерта, но поради грмотевиците и бурите во тоа подрачје, мораше да почека.
Просечната брзина на лет изнесува од 50 до 100 километри на час, а просечната висина изнесува 8500 метри.
Solar Impulse 2 досега леташе преку Индија, Мјанмар, Кина и Јапонија. Авионот веќе го постави рекордот за најдолг лет со помош на соларната енергија кога без сопирање прелета од Јапонија до Хавајските острови – тогаш прелета речиси 8300 километри.
Пред да слета на својата последна дестинација – Абу Даби, Solar Impulse 2 ќе го продолжи својот пат околу светот преку Атлантскиот океан, Северна Африка и Европа.