Насловна / Вести / Авионите за гасење пожар ќе бидат во можност да полетаат во октомври

Авионите за гасење пожар ќе бидат во можност да полетаат во октомври

Во текот на ноќта пожарот кај Кочани е локализиран и ставен под контрола. Во близина на селото Тркање од рано изутринава сѐ уште се забележува чад од огнот кој зафати шумски појас и нискостеблеста вегетација во пречник од десетина километри.

Околу 500 припадници на територијалните противпожарни единици од повеќе градови во државата, од Армијата и месно население ноќеска учествуваа во гаснењето на огнената стихија. Во изминатото деноноќие таа сериозно ги загрози населбите на западната страна од градот, поголем број производствени капацитети во зоната Лесна индустрија, склад со течни горива и гас, како и земјоделски површини со лозови и други насади.

п_resize

Активни пожари има и во Старо Нагоричане, Македонски Брод, Кумановско и Валандово.

Авионите за гасење на пожари „ер трактори“ не смеат да полетаат, додека горат десетици пожари низ Македонија, бидејќи не се сервисирани. Пoради тоа трите „ер трактори“ повеќе од две години не се извадени од хангарите.

„Поканет е сервисерот минатата недела, чекаме да дојде неделава. Но, за сервисирање на еден авион за гасење пожари потребни се од 40 до 45 дена, сосе подготовките да полета и да се стави во функција. Жалам што ‘ер тракторите’ што ги начекав несервисирани, поминале приземјени многу пожари и сезони на пожари“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Беким Максути.

п2_resize

На 8 јули, Максути изјави за СДК, дека Бирото за јавни набавки не дозволува Дирекцијата да ја плати сумата што ја бара сервисерот. За услугата сервисерот барал сума која што е дури над 40 отсто повисока од таа што ја овозможува Законот за јавни набавки. Тогаш течеше рокот за жалби по објавениот тендер. Се чекаше Државната комисија за жалби по јавни набавки да одлучи што да прави ДЗС понатаму.

Сега фазата е дојдена до покана и доаѓање на сервисерот во Македонија. Сервисот, ако се случи, е со важност од само една година.

За сервисирањето на авионите за гаснење пожари зборуваше синоќа во Кочани и премиерот Зоран Заев.

„’Канадерите’ се приземјени. Владата ќе се обиде да донесе одлука за брза набавка на сервисирање од Хрватска. Уште утре тоа ќе го направиме за да се избегнат сите тие бавни постапки по јавни набавки, затоа што сега го имаме основот, согласно законот, кога треба брзо да се делува и верувам дека и Бирото за јавни набавки, со одлука на Влада доколку е потребно, ќе направиме брзо интервенција за сервисирање, осносно одржување, со што ќе се отклони причината за нивното приземјување и ќе се дозволи да може да полетаат ‘канадерите’ кои без вакво сервисирање никој не дозволува, ниту треба да полетаат, бидејќи ќе загрозат човечки животи“, изјави Заев.

Испрати коментар

Scroll To Top