Европските авиокомпании ја повикуваат Европската Унија да ги ублажи своите еколошки правила, што е битна промена за индустријата која се бори со декарбонизацијата. Имено, извршните директори на четирите најголеми авиопревозници, меѓу кои RyanAir и групата International Airlines, велат дека правилата на ЕУ за јаглеродните такси за авиоиндустријата би требало да биде олеснета и ускладена со светскиот стандард. Раководителите кои всушност настапиле во името на вкупно 17 авиокомпании, побарале од ЕУ да го преиспита правилото со кое бара од добавувачите на горива на аеродромите да обезбедат дел од одржливото авионско гориво (sustainable aviation fuel, SAF) за летовите.
Брисел беше под притисок од страна на бизнис групациите да ублажи некои од своите зелени политики, со цел да им помогне на европските компании да станат поконкурентни, особено во време кога американскиот претседател Доналд Трамп стартува со акција за дерегулација во САД. Сепак, споменатите извршни директори истакнале дека остануваат посветени на долгорочните цели кога станува збор за придонесите кон нулта нето емисии на јаглерод во атмосферата до 2050 година.