Autodesk – овата
лабораторија (Autodesk
Labs) е одлично место
за преглед на идните
информатички технологии
кои неизбежно ќе бидат дел од нашиот
живот во блиска иднина. Формиран
во јуни 2006 година,
Autodesk Labs
е замислен како место за онлајн
соработка/колаборација со јавноста
со цел обострана добивка. Имено,
јавноста добива пристап до најновите
технолошки достигнувања на кои се
работи во софтверскиот гигант Autodesk,
има можност бесплатно да ги
користи новите софтвери и услуги во
развој, а за возврат се очекува накаков
фидбек, информација или мислење
за нив. Autodesk секоја година
инвестира огромни финансиски и
човечки ресурси во истражувањата
што се одвиваат во нивната
Лабораторија. И покрај тоа, ниту еден
проект не поминува без мислењето
на идните корисници. Обединети низ
низа социјални мрежи (Facebook,
Youtube, Digg, Twitter, Blogger итн.), Autodesk
Labs е блиску до корисниците.
Искуствата покажуваат дека јавноста
сака да биде инволвирана во такви
проекти. Впрочем успесите на web 2.0
сервисите го потврдуваат тоа.
Но, како функционира соработката,
односно како се користи Autodesk
Labs? Со пристап на www.labs.
autodesk.com доаѓаме до над 50
наслови на софтвери, сервиси и
технологии на кои се работи пооделно
според областа во која се користат:
АИГ (Архитектура, Инженерство,
Градежништво), Производство, Медиа
и Забава и Едукација. За секој од
наведените наслови постои можност
за нивно тестирање. Доколку е тоа
софтвер, тогаш истиот е бесплатен
за користење, сè до моментот кога
како финален производ ќе почне
комерцијално да се дистрибуира.
До моментот кога новите софтвери
ќе го видат „белиот ден“, вообичаено
поминува доволно време во кое
се појавуваат подобрувања, нови
верзии итн. Дотогаш, корисниците
учествуваат преку размена на
мислења, потполнување на анкетни
прашалници, коментирање по
социјалните мрежи итн.
Понудата на Autodesk Labs е
разновидна. Тука сретнуваме и
софтверски додатоци, совети,
сервиси итн. Конкретно за градежната
индустрија, Autodesk работи на
следните наслови:
• 3D/2D ShareNow:размена на проекти
со други лица во еден клик,
• Alias Sketch додаток за AutoCAD:
можност за боење, илустрирање и
манипулација на слики во Autocad,
• AutoCAD Freestyle (некогашен Project
Cooper): самостојна апликација за
брзо исцртување,
• Autodesk Showroom: бесплатна веб
апликација за фотореалистично
прегледување на вистински производи
во 3Д модел,
• Bridge Modeler за AutoCAD Civil 3D:
креира мостови од Civil 3D објекти,
• CommunityCommands for AutoCAD:
команди за Autocad од заедницата на
корисници,
• Firefox Add-on: вклучување на DWF
фајлови во HTML страните и можност
за нивно прегледување со Firefox,
• Google Earth Екстензија: преглед на
цртежи во Google Earth,
• Project Bluestreak: сервис за
соработка со членовите на проектната
група,
• Project Butterfly: едитирање на DWG
фајловите преку употреба на веб
браузер,
• Project Dragonfly: алатка за 2D/3D
ентериерен дизајн и планирање,
• Project Freewheel: соработување
преку “облак“ компјутинг,
• Project Newport: real-time 3D за
архитекти,
• Project Twitch Application Trials:
употреба на софтверите преку
интернет,
• Solar Radiation Technology Preview:
анализа на соларната радијација на
дизајните,
• STL Exporter: експортирање на Revit
моделите за 3Д принтање.
Голем дел од програмата на Autodesk
Labs е оригинална и интересна.
Некои проекти веќе подолго време
се развиваат па сосема е можно
наскоро да се појават во продажба
или да бидат инкорпорирани во
некој постоечки продукт. Конкретно се чека Autodeskовата 2011 серија
на производи и тоа почнувајќи од
март оваа година, веројатно ќе
препознаеме некој новитет кој
произлегол од Лабораторијата. На
долг рок се очекува воведување на
некоја од новите технологии како што
е тоа SaaS (Software as a Service),
која подразбира онлајн користење
на софтверите, без инсталација од
дисковите и со сосема поинаква
софверска архитектура. Напоредно
со сите случувања во хардверската
индустрија, Autodesk работи на multitouch
технологија, која подразбира
употреба на екрани осетливи на
допир за работа со своите апликации.
Иако не може да се говори за датум
за „исфрлање“ на оваа технологија
на пазарот, се создаваат одлични
околности за истото. Touch-screen
уредите, олицетворени пред сè во
телефоните, па и во новиот iPad на
Apple, добиваат на популарност.
Како што touch-screen телефоните
забрзано ги заменуваат телефоните
со класична тастатура, така наскоро
ќе се случи работата со директен
допир врз екранот да го прати
компјутерското глувче во историјата.
Во иднина, новитетите во Autodesk
Labs ќе бидат почесто застапени со
информации за медиумите.
Трајче Сто јанов,
дипл.инж.арх.