Дигиталната трансформација интензивно се случува во светски рамки. Како дигиталната трансформација се одвива во Македонија? Зошто БИМ е неопходен и важен во оваа трансформација? Како и на кој начин Autodesk софтверот ни помага во тоа? Она што е сигурно е дека дигиталната трансформација со помош на БИМ е неопходна!
На овие и на многу други прашања, преку лични искуства директно ќе одговорат корисниците на бесплатната конференција “Autodesk Digital Transformation Day (ADTD) Скопје 2022”, која ќе се одржи во Скопје на 20 октомври (четврток) 2022 год., во Хотел Александар Палас.
Настанот го организира Smart Solutions, авторизиран партнер на Autodesk во Македонија, во соработка со Tech Data, официјален дистрибутер на Autodesk за регионот.
Autodesk Digital Transformation Day корисничката конференција ги собира во поширокиот регион сите оние кои се заинтересирани за напреден начин на работа со софтверските решенија на Autodesk.
По примерите од практиката, ќе има панел дискусија на тема: „БИМ мандат во Македонија, искуства, предизвици и предности“, каде ќе се разговара за состојбата на БИМ во Македонија, предностите, проблемите со кои се соочуваат Autodesk корисниците работејќи на тој начин во таа средина и идеи како сето тоа да се подобри. По панелот ќе следуваат и вредни награди!
Конференцијата е наменета за градежни, машински и електроинженери, архитекти, инвеститори, изведувачи, проектанти и сите оние кои се занимаваат со имплементација на БИМ.
Повеќе детали за предавачите и агендата на конференцијата може да дознаете на официјалниот сајт на ADTD. Линк во продолжение: https://adtd.org/home/adtdskopje2022/
АГЕНДА
Блок 1 | 10:00
Oтворање на конференцијата
Дигитализирање на втората најголема болница во Европа
Гоце Чавкоски и Lars Oberwinter | BIM Solutions, Plandata
Пландата ги поддржува компаниите од секоја гранка на градежната индустрија да го најдат својот пат до успешна имплементација и ефективна и профитабилна долгорочна употреба на БИМ и соодветните технологии.
Еволуцијата на БИМ
Зоран Симјановски | CADONIA
Краток осврт на моето искуство со БИМ низ годините 2011 – денес. Приказ на придобивките од воведувањето на БИМ и Ревит во секојдневната пракса. Насоки за подобро и поефикасно воведување на БИМ во работењето. Зошто ние се одлучивме за БИМ и Ревит? Континуирана едукација е клуч за успехот. Влијането на пандемијата на Ковид-19 на позабрзана миграција кон работење он-лајн. Каде ќе се развива БИМ во иднина?
Бим бенефити во градежната индустрија
Орхидеја Малезан | Generic 5D
Генерик 5Д е компанија која постои од 2014 година во Охрид. Ги опфаќа сите сектори во градежништвото вклучувајќи BIM услуги, проектирање, внатрешно уредување и анимација. Се гордееме со своето богато портфолио за клиенти од Велика Британија, Холандија, Германија и Шведска. Со Бим моделирањето и новите технологии се постигнува оптимален сооднос помеѓу трошоците, квалитетот и времетрањето на процесот на градење кој што во градежниот сектор е од особено значење за добивање на економските, техничките, еколошките и општествените продобивки.
Блok 2 |
Проектирање: пред и во БИМ ерата
Никола Стрезовски | Масон Инженеринг
Занимавајќи се со проектирање и изведба, сфативме дека мораме да направиме сериозна промена во начинот на изработката на проектите.
Транзиција од 2D во BIM проектирање, искуства и предизвици
Никола Нисев и Тања Илиевска | НИТЕН ИНЖЕНЕРИНГ
Почнувајќи од идејата за подигнување на квалитетот на проектирањето користејќи ги алатките за примена на BIM технологијата, оваа презентација ќе биде приказ на преминот од 2D CAD принципи во 3D BIM технологијата на проекти за индивидуални станбени и индустриски објекти.
Блок 3 |
Влијанието на IFC технологијата врз развојот на БИМ
Трајче Стојанов | Семос Едукација
БИМ технологијата е основа на забрзаната дигитализација на изградената средина во светот.
ПАНЕЛ дискусија – БИМ мандат во Македонија, искуства, предизвици и предности
Mишко Ралев | Факултет за архитектура и дизајн (ФАД) при УАКС
Ристо Малков | Јавно претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија
Гоце Чавкоски | BIM Solutions/ Plandata
Lars Oberwinter | Plandata
Кристинка Радевски| Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија
Трајче Стојанов | Семос Едукација – Модератор
Комерцијален текст.