Насловна / Архитектура / AUTODESK DIGITAL TRANSFORMATION DAY СКОПЈЕ 2022

AUTODESK DIGITAL TRANSFORMATION DAY СКОПЈЕ 2022

AUTODESK DIGITAL TRANSFORMATION DAY  е корисничка конференција која ги собира во поширокиот регион сите оние кои се заинтересирани за напреден начин на работа со софтверските решенија на Autodesk. Преку излагањата на колегите од фелата и стручниот панел, сакаме да им помогнеме на сите учесници во градежништвото a и пошироко, да ги препознаат предностите на современите алатки и да научат како да ги користат за своите потреби.

Дигиталната трансформација интензивно се случува во светски рамки. Како дигиталната трансформација се одвива во Македонија? Зошто БИМ е неопходен и важен во оваа трансформација? Како и на кој начин Autodesk софтверот ни помага во тоа? Она што е сигурно е дека дигиталната трансформација со помош на БИМ е неопходна!

Screenshot 2022-10-10 082952_resize

На овие и на многу други прашања ќе се обидеме да одговориме преку лични искуства директно од корисниците. По примерите од практиката, не очекува панел дискусија на тема: „БИМ мандат во Македонија, искуства, предизвици и предности“, каде ќе разговараме за состојбата на БИМ во Македонија, предностите, проблемите со кои се соочувате работејќи на тој начин во таа средина и идеи како сето тоа да се подобри. По панелот следуваат и вредни награди!

Конференцијата е наменета за градежни, машински и електроинженери, архитекти,  инвеститори, изведувачи, проектанти и сите оние кои се занимаваат со имплементација на БИМ.

Резервирајте го своето место на време бидејќи бројот на места е ограничен!

Линк за пријавување

Доколку не сте во можност да ја следите конференцијата во живо, може да се придружите и онлајн!

Пријава за online конференција

Предавачи

unnamed_resize

АГЕНДА

Блок 1 | 10:00

Oтворање на конференцијата

Дигитализирање на втората најголема болница во Европа

Гоце Чавкоски и Lars Oberwinter | BIM Solutions, Plandata

Пландата ги поддржува компаниите од секоја гранка на градежната индустрија да го најдат својот пат до успешна имплементација и ефективна и профитабилна долгорочна употреба на БИМ и соодветните технологии.

Еволуцијата на БИМ

Зоран Симјановски | CADONIA

Краток осврт на моето искуство со БИМ низ годините 2011 – денес. Приказ на придобивките од воведувањето на БИМ  и Ревит во секојдневната пракса. Насоки за подобро и поефикасно воведување на БИМ во работењето. Зошто ние се одлучивме за БИМ и Ревит? Континуирана едукација е клуч за успехот. Влијането на пандемијата на Ковид-19 на позабрзана миграција кон работење он-лајн. Каде ќе се развива БИМ во иднина?

Бим бенефити во градежната индустрија

Орхидеја Малезан | Generic 5D

Генерик 5Д е компанија која постои од 2014 година во Охрид. Ги опфаќа сите сектори во градежништвото вклучувајќи BIM услуги, проектирање, внатрешно уредување и анимација. Се гордееме со своето богато портфолио за клиенти од Велика Британија, Холандија, Германија и Шведска. Со Бим моделирањето и новите технологии се постигнува оптимален сооднос помеѓу трошоците, квалитетот и времетрањето на процесот на градење кој што во градежниот сектор е од особено значење за добивање на економските, техничките, еколошките и општествените продобивки.

Блok 2 |

Проектирање: пред и во БИМ ерата

Никола Стрезовски | Масон Инженеринг

Занимавајќи се со проектирање и изведба, сфативме дека мораме да направиме сериозна промена во начинот на изработката на проектите.

Транзиција од 2D во BIM проектирање, искуства и предизвици

Никола Нисев и Тања Илиевска | НИТЕН ИНЖЕНЕРИНГ

Почнувајќи од идејата за подигнување на квалитетот на проектирањето користејќи ги алатките за примена на BIM технологијата, оваа презентација ќе биде приказ на преминот од 2D CAD принципи во 3D BIM технологијата на проекти за индивидуални станбени и индустриски објекти.

Блок 3 |

Влијанието на IFC технологијата врз развојот на БИМ

Трајче Стојанов | Семос Едукација

БИМ технологијата е основа на забрзаната дигитализација на изградената средина во светот.

ПАНЕЛ дискусија – БИМ мандат во Македонија, искуства, предизвици и предности

Mишко Ралев | Факултет за архитектура и дизајн (ФАД) при УАКС

Ристо Малков | Јавно претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија

Гоце Чавкоски | BIM Solutions/ Plandata

Lars Oberwinter | Plandata

Кристинка Радевски| Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија

Трајче Стојанов | Семос Едукација – Модератор

Испрати коментар

Scroll To Top