Auto CAD 2011

autocad11.jpgОчекувано, на 25 март годинава, Autodesk го објави
јубилејното 25-то издание на AutoCAD 2011. На
ваквиот потег му претходеше генералното претс тавување на Autodesk-овото 2011 Портфолио по групи
и производи.

AutoCAD- некогаш главната ѕвезда во
портфолиото, денес е затскриен од блесокот на мноштвото
попу л арни софтвери од најразлични области. Сепак, никој
не може да ја заборави славата на овој софтвер, кој практично е синоним за компанијата и воедно бренд посилен и
од самиот Autodesk. Иако трендовите покажуваат опаѓање
на растот на новите AutoCAD-ови корисници низ годиниве и
нивно преориентирање кон поспецијализираните софтвери,
AutoCAD секоја година доживува „разубавување и свежина“.
Генерално, оваа година се извршени промени во
графичкиот интерфејс и заокружен е еден циклус на по –
добрувања во делот на 3д моделирањето, со што AutoCAD
конечно прерасна од типичен 2д софтвер за т.н. „драфтинг“
во комплетна 2Д/3Д дизајнерска апликација. Затоа AutoCAD
2011 ќе биде значаен „milestone“ во историјата на
апликацијата. Но, со што е заслужен овој статус ?

 

Графичкиот интерфејс базиран на Микрософт-овата „лента“ (Рибон) кој се развива неколку години, доби из весни проме ни со цел поголема функционалност и прег ледност при
ко ристење на алатките. Менијата станаа контекстсензи тивни и добија извесни преструктурирања со цел ефикасност
при користењето на специфичните алатки, како и помало
заземање на простор на работната по вршина. Покрај тоа,
црната боја на заднината по неколкугодишен „егзил“
повторно се враќа, овој пат со мошне впечатлива мрежа.
Заедно со промените на UCS и 3Д Гизмо иконите, е додаден
и Навигационен бар со низа алат ки за навигација кои се
фиксираат вертикално на работната површина.

 

2Д новитетите се бројни и опфаќаат подобрувања во делот
на работењето со шрафурите и градиентите, еди ти рањето на сложените линии, користењето на помошните
водилки, селектирањето и видливоста на објектите, но
вклучува и напредни алатки како Констреинти, Scale Lists.
AutoCAD 2011 за првпат ја вклучува и Транспарентноста
како карактеристика на елементите покрај бојата, слојот
итн. Генерално, се извршени многу промени во голем дел
од командите што работат во делот на 2д.

autocad11-2.jpg 

3Д подобрувањата се надоврзуваат на оние на правени во
претходната верзија на AutoCAD 2010. Тие ги надградуваат
можностите за манипулација на солидите, површините и
мрежите, преку додавање на поголема слобода при
моделирањето. Претставени се и нови три типа на
површини, а е овозможено и зачувување на постапките при
интеракција на солидите со цел подоцнежно едитирање.
Сосема нова, и би рекол помалку неочекувана, е алатката
Point Cloud која овозможува директно пренесување на
фајловите од 3д скенерите во AutoCAD 2011 со цел
рекреирање на 3д модели.

 

AutoCAD 2011 не воведува нов фајл формат, ниту пак дава
поддршка за некоја нова неподдржана хардверска
технологија. Сепак, има доволно елементи за да биде
самостојна верзија. Како што наведува CADDManager: „76,000
човек/часови се потрошени за тестирање на квалитетот и
вклучува 6000 прегледи за целосниот код, биле тестирани 2000
команди, 4600 бета тестери зеле учество во рецензиите, 1.4
милиони линии на кодот биле избришани од апликацијата.“
Верувам, во друга прилика ќе биде откриено колкав труд
всушност е потребен за исфрлање на нова верзија, и сигурен
сум дека тоа ќе бидат фрапантни податоци.

 

Сепак, од сето видено досега, а тука спаѓаат и:

совршениот Autodesk University 2009 кој се одржа во
декември 2009 година,

Autodesk Labs со огромниот број на технологии и сервиси во
развој,

и успехот на филмот Аватар како една од најголемите
референци на компанијата,

може да се заклучи дека Autodesk влезе во една нова
фаза на развој која ја одликува визионерството,
можностите и величественоста. Секој кој користи постари
верзии на AutoCAD и никогаш не погледнал некоја од
новите, за AutoCAD 2011 ќе рече дека станува збор за
потполно различна апликација. Дури верувам дека ќе има
технологии
Нови контекст-сензитивни
менија во јубилејното 25-то
издание на AUTODESK
големи проблеми за да се привикне на новитетите. Секој кој
го памети Autodesk од деведесетите години на минатиот век,
ќе биде зачуден од новиот Autodesk кој развил или купил такви
технологии со кои може да биде и главен играч во делот на
софтверите за Филмската индустрија. Значи, промената е
голема иако се извршуваше постепено последниве години.
Со заокружен циклус на подобрувања во делот на 3д,
корисниците добија интегрална алатка која ќе го направи 3д
моделирањето составен дел од секој дизајн.
Во Македонија, повеќе информации можат да се добијат и
на веб страните на некои застапници за Македонија. Цената
на AutoCAD 2011 за една самостојна лиценца чини околу 2500
евра, додека за AutoCAD 2011 LT изнесува околу 760 евра.
Типично за AutoCAD 2011, системските побарувања се
скромни, па така за инсталација и успешна работа се
потребни: процесор Пентиум 4 или подобар, 2Гб Работна
меморија, 2 Гб слободен простор на хард дискот, Оперативен систем Windows XP или понов. Мора да напоменам дека
AutoCAD 2011 одлично е компатибилен и со новиот Windows 7.
За повеќе информации посетете ја веб страната на
Autodesk: www.autodesk.com или некоја од домашните
застапници.

 

Трајче СТОЈАНОВ дипл. инж. арх. 

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top