Благица Блажевска, дипл.инж.арх.
Запомнете го плоштадот, зашто плоштад веќе нема да видите. Кога сите јавачи ќе го вјавнат и објектите ќе се доградат, ќе остане малку место за нешто друго!
повеќе »
Благица Блажевска, дипл.инж.арх.
Запомнете го плоштадот, зашто плоштад веќе нема да видите. Кога сите јавачи ќе го вјавнат и објектите ќе се доградат, ќе остане малку место за нешто друго!
повеќе »
Што претставува проектот “Скопје 2014“?
Обид по секоја цена за самонаречена грандиозност и монументалност на архитектурата, а и скулптурата. Тие не се одраз на естетско - филозофска студија. Тука има вткaено дневна политика за локална употреба, неиживеани и злоупотребени национални наметнувања од различни пориви, присвојување на туѓи вредности. Стануваме паланка каде секој може да го докаже своето лошо воспитување, љубовта кон кичот, ниската страст, насилништвото, немањето чувство за заедништво, јавен интерес, обврски и права кои произлегуваат од сето ова и без кои градот го нема.
Корнелија Конеска, дипл.инж.арх.
Проектот е мегаломански кич и е одраз на комплекс на помала вредност и фрустрација. Не само што генерално не одговара наменски и функционално, туку под знак прашалник се ставени скоро сите професионални аспекти: димензионирање, инфраструктурно поврзување, вклопување во опкружувањето (зашто не станува збор за градење на празна ливада, туку за вклопување во веќе со векови оформено урбано милје), а да не зборуваме за стилската (не)прикладност и економската (не)оправданост.
повеќе »Поводот за моето размислување на темата триумфални порти е секако нејзиното предвидување во урбанистичкиот план на центарот на нашиот главен град.
Затоа ќе напишам нешто за оваа тема која во моментов го окупира вниманието, како на архитектите, така и на пошироката јавност.
Од друг агол, ке казам нешто за нашата несамокритичност и илузија во која живееме, која не донесе во ситуација на катастрофална ерозија на моралните вредности. На најхрабрите им остана привилегија барем да имаат свој став по некои работи и истиот да можат да го презентираат, а вие сте храбро списание. Затоа ја почитувам вашата рубрика како едно од малкуте места каде може слободно да се дебатира, а да не се посега по делови од сопствено искажаното мислење, кое има смисла со својата целовитост.
Архитектонскиот еснаф испадна повторно “спанко” кога се во прашање проекти од типот “Скопје 2014”. Предлогот нè потсети дека се изгубивме во дебатирања, кои досега не донесоа егзатни предлози, поставени стандарди, конкретни решенија, кои точно ќе ги презентираат нашите колективно недвосмислени стручни поставки за просторот.
Визуелизацијата на проектот “Скопје 2014” на дел од Малиот ринг прикажува еден архитектонско - урбанистички “Франкенштајн”.
Се прашувам зошто има толку сличности на проектот “Скопје 2014” што ме потсетуваат на филмот “Франкенштајн”.
Професионалниот приод кон проектот ,,Скопје 2014,, неизбежно наидува на апсурд. Kако може да се говори за ,,проект,, кој е претставен пред јавноста преку елекронските медиуми како визуелно-аудитивна симулација? Едновремено, како може да се говори за ,,визуелна симулација,, односно фантазматична претстава, кога пред очите на јавноста , па и пред очите на професионалната јавност, веќе се изѕидани фасади на голем дел од дигиталната слика ?!Дали оваа ,,реалност,, е магионичарски трик,,,хипноточко,,доживување,мистично чудо?,,Што е всушност?!
Проф. д-р Јасмина Сиљаноска
Деновиве се изнаслушавме и изнагледавме мноштво на оркестрирани атонални настапи по медиумите што упорно се обидуваат да ни го објаснат редефинираното значење на поимот идентитет и градска слика.
повеќе »
Каде е мерката на архитектурата во времево и просторов? Или, во општеството на бесконечните спектакли естетскиот шарм ќе биде насекаде, каде-било-кога-било
проф. д-р Тихомир Стојков, архитект
Без некоја особена емоција или волја на почетокот на оваа, досега невидена расправија за просторот во кој битисуваме, во обид барем ладнокрвно да се преживее сето тоа, сепак на крајот се зафатив со овие редови поттикнат за момент од сеќавањето на еден текст што го напишав во 1999 година под наслов “Глобализацијата и културата на неместо”.
повеќе »
Петар Николовски
Мојата професионална ориентација е во делот на градежната физика, така што нема да навлегувам во естетиката. Меѓутоа, се подготвува законска регулатива со која мораме да ги следиме европските директиви, кои се поддршка на протоколот од Кјото за намалување на влијанието од емисиите на штетни гасови. Според тие директиви при секоја реконструкција на стари згради мора да се води сметка за енергетската ефикасност .
повеќе »Почнувајќи од 1965 година се распишани повеќе меѓународни, републички и локални архитектонско - урбанистички конкурси за уредување на централното градско подрачје на Скопје и за дефинирање и обликување на централниот градски плоштад. Многу експерти од различни области на проектирањето вложиле исклучителна позитивна енергија и достојно за почит поединечно и колективно професионално знаење, продолжувајќи го со своето творештво континуитетот на Македонската Цивилизација.
1. Дали кој било религиозен објект се изградил досега на подлога од подземна канализација, иако истата ќе се дислоцира технички?
Во тој контекс да се прашаат нашите верски водачи, а и стручната структура од доменот на археологијата.
Во контекс на поставување цркава таму каде што е вцртана маркичката да се дообјасни како евентуалните верски ритуали за кои е потребен пристап со моторно возило би се реализирал?
Стоeв на Плоштад Македонија и чувствував како од левата страна на реката Вардар преку Kамениот мост во бранови ме заплискува енергија на радост. Подзамижав да видам.Од левата страна на црквата Св. Димитрија по раскошните скали од матичната зграда се спушташе млада брачна двојка. Сите ги гледаа и им се восхитуваа. Беа вљубени и среќни. Но, сега требаше да го минат лавиринтот што беше направен од зеленило од градските власти како симбол на животот. Имаше еден влез и eден излез.
Најпрво би започнал со поздрав и пофалби за иницијативата за градење и обликување на главниот град на нашата држава Скопје, како центар во кој се стационирани главните збиднувања, како главен град кој е амбасадор на нашата култура и еволуција . Неодамна во јавноста како непријатно изненадување проструи визуелизацијата за новиот редизајн на Скопје, кој како контекст на иницијативата за обновување е тотално ПОГРЕШЕН ОДГОВОР.