Пет години дружење со читателите
Медиумскиот поддржувач на Биеналето на македонската архитектура Порта3 беше неизоставен дел од празникот на македонските архитекти.
повеќе »
Медиумскиот поддржувач на Биеналето на македонската архитектура Порта3 беше неизоставен дел од празникот на македонските архитекти.
повеќе »Во Mecca, Саудиска Арабија, ќе се гради зграда која ќе биде втора највисока зграда во светот. Таа ќе биде наменета за хотел, и ќе биде дел од новиот комплекс хотели наречен Abraj al-Bayt Towers што е проект на владата на ...
повеќе »
Ретко кога плоштадот "Македонија" бил толку посетен од несл у -
чај ни минувачи кога немало концерт или некоја друга јавна
мани фес тација, како во изминативе две недели, откако
пристигнаа спо мениците на Гоце Делчев и на Даме Груев качени
на коњи. Доа ѓаат гости дури и од други градови за да ги видат, да ги
фо тогра фираат и да им се воодушевуваат.
повеќе »
Министерството за транспорт и врски распиша оглас за јавно наддавање, за давање под долготраен закуп на 40 години на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, кое се наоѓа во општина Гевгелија, наменето за изградба на ветерни електрани. Предмет на јавно наддавање се 19 градежни парцели со вкупна површина од 22.800 квадратни метри. Право на учество на јавното наддавање имаат физички лица, државјани на Република Македонија и правни лица, односно домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост и правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирано во Централен регистер на Република Македонија.
повеќе »
Проектот со кој македонските студенти се
претставија на конгресот АСК 2010 во
Љубљана, беше реурбанизација на
индустриската зона во која се лоцирани
„Топлификациjа“ АД Скопје, ФАС „11
Октомври“, „Комуна“ АД Скопје и уште
неколку индустриски капацитети веќе на -
пуштени и заборавени и од системот и од
општеството. Препознавајќи го ква -
литетот на локацијата, тие презен тираа
нов концепт кој во целост ќе го искористи
капацитетот што овој простор го нуди
Како да се справиме со отпадот од батерии и акумулатори, беше тема на трибината што ја организираше Министерството за животна средина и просторно планирање, а на која учествуваа претставници од компании и од невладини организации.
- Со овој закон отпадните батерии и акумулатори ќе станат вреден ресурс кој понатаму ќе може да се користи за обезбедување други неопходни ресурси.
повеќе »Чикашкиот солитер „Аqua“ е избран за
најубав облакодер во 2009 година во
анкетата на германската банка за
податоци за недвижности „Емпорис“.
Експертите на „Емпорис“ им доделија
награда на архитектите на облакодерот за
достигнување во дизајнот и смелоста на
архитектонското решение, објавија агенциите.
Охрид - Најавата за проширување на рекреативната патека во заштитената зона на Студенчишкото блато и поставување на урбана опрема, како и пренамената на просторот на плажата Горица, каде на местото на хотелот Парк ќе никне апартмански комплекс неколку пати поголем од сегашниот објект, ќе имаат несогледливи последици не само врз животната средина туку и врз севкупниот развој на градот, предупредуваат од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.
Скопје – ГД Гранит АД Скопје и Министерство за правда на РМ. потпиша договор за изградба на нова судска зграда -Кривичен суд во Скопје. Вредноста на договорот изнесува 465.190.282,00 денари со вклучен ДДВ и рок на изведување од 18 месеци. ...
повеќе »Долго размислував дали вреди сега да се дебатира и пишува за политичкиот проект Скопје 2014, зашто триумфот на политиката и поразот на урбанистите и архитектите се евидентни. Дали е возможно да се дебатира со владината машинерија, со платени индвидуалци од сите области, со набрзина новооформените ,,невладини здруженија и организации,, се разбира и тие добро платени, и не сакаат да слушнат за поинаква размисла, а камоли да дебатираат аргументирано и цивилизациски.
Благица Блажевска, дипл.инж.арх.
Запомнете го плоштадот, зашто плоштад веќе нема да видите. Кога сите јавачи ќе го вјавнат и објектите ќе се доградат, ќе остане малку место за нешто друго!
повеќе »
Што претставува проектот “Скопје 2014“?
Обид по секоја цена за самонаречена грандиозност и монументалност на архитектурата, а и скулптурата. Тие не се одраз на естетско - филозофска студија. Тука има вткaено дневна политика за локална употреба, неиживеани и злоупотребени национални наметнувања од различни пориви, присвојување на туѓи вредности. Стануваме паланка каде секој може да го докаже своето лошо воспитување, љубовта кон кичот, ниската страст, насилништвото, немањето чувство за заедништво, јавен интерес, обврски и права кои произлегуваат од сето ова и без кои градот го нема.
Корнелија Конеска, дипл.инж.арх.
Проектот е мегаломански кич и е одраз на комплекс на помала вредност и фрустрација. Не само што генерално не одговара наменски и функционално, туку под знак прашалник се ставени скоро сите професионални аспекти: димензионирање, инфраструктурно поврзување, вклопување во опкружувањето (зашто не станува збор за градење на празна ливада, туку за вклопување во веќе со векови оформено урбано милје), а да не зборуваме за стилската (не)прикладност и економската (не)оправданост.
повеќе »Поводот за моето размислување на темата триумфални порти е секако нејзиното предвидување во урбанистичкиот план на центарот на нашиот главен град.
Затоа ќе напишам нешто за оваа тема која во моментов го окупира вниманието, како на архитектите, така и на пошироката јавност.
Од друг агол, ке казам нешто за нашата несамокритичност и илузија во која живееме, која не донесе во ситуација на катастрофална ерозија на моралните вредности. На најхрабрите им остана привилегија барем да имаат свој став по некои работи и истиот да можат да го презентираат, а вие сте храбро списание. Затоа ја почитувам вашата рубрика како едно од малкуте места каде може слободно да се дебатира, а да не се посега по делови од сопствено искажаното мислење, кое има смисла со својата целовитост.