Во ентериерот на Birkbeck College ве дочекува вистинска експлозија на бои.
Деконструктивистичката композиција сочинета од коси површини, буди
филмски асоцијации. Назабените агли на пример, потсетуваат на Expressionist,
сет од The Cabinet of Dr Caligari, влијателен германски филм од 1921 год., а
силните бои потсетуваат на портретите на филмските ѕвезди на Andy Warhol.
Author Archives: Порта3
Feed SubscriptionТајното станува јавно
Склучување на договор е
облигационен однос меѓу
две страни, но за жал, тоа
во градежништвото го нема.
Инвеститорот секогаш ги
поставува правилата, рокот
за изведба максимално се
почитува, а кога ќе дојде
делот за плаќање, тоа се
пролонгира со месеци
и месеци. И досега се
склучувале анекс договори
како што сега предлага
Владата, но тие немале
законска основа.
Тунел под Босфор
Сојузот на градежни инженери и Друштвото за патишта, преку туристичката агенција ,,Александар“, организираше стручна екскурзија,
посета на градилиште во Истанбул каде се вршат работи околу подземната железничка - метро станица и двата моста кои ја поврзуваат
Европа со Азија. Учесниците на екскурзијата беа примени од главниот надзорен инженер на објектот во градба Guney Yilmaz.
Македонија и ЕИБ потпишаа дговор вреден 50 милиони евра за водоснабдување и одведување на отпадни води
Скопје - Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и претставникот на Европската инвестициска банка Петер Зајц денеска потпишаа Договор за заем за финансирање на проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ вреден 50 милиони евра.
Проектот е дел од политиката на Владата за рамномерен регионален развој. Целта е преку инвестиции во комуналната инфраструктура да се стимулира развојот на општините.
Град Скопје потпиша консултантски договори за подземните сообраќајници и за Луна паркот
Скопје - Градоначалникот Коце Трајановски, по завршувањето на тендерските постапки, потпиша консултантски договори со реномираната шпанска фирма ИДОМ од Билбао, за проектите подземни сообраќајници и забавен парк.
Како што соопшти Град Скопје, со консултантските договори фирмата од Билбао треба да изработи студии за двата проекта и да ги утврди правните постапки за начинот на концесионирање и промоција на проектите.
Отворена првата катна гаража во Прилеп
Прилеп - Прилеп денеска ја доби првата катна гаража. На вкупно 10.000 метри квадратни гаражен простор се нуди можност за гаражирање на 400 возила. Во приземјето комплексот располага и со 300 квадрати деловен простор. Инвестицијата од 4,2 милиони евра е на струмичката компанија ДМ ОИЛ, која земјиштето го доби на тендер распишан од Министерството за транспорт и врски.
Расте примената на енергијата од обновливи извори во Европа
Брисел - На енергијата од обновливи извори во 2008 година отпаѓаа 10,3 проценти од вкупната потрошена енергија во рамките на Евероската унија, со што продолжува трендот на раст на нејзината примена, соопшти Агенцијата за сттистика на ЕУ - Евростат.
Почна пробното полнење на браната Кнежево од хидросистемот „Злетовица“
Кочани - Градежна механизација на „Бетон“ од Скопје денеска ги почна работите за полнење на браната Кнежево од Хидросистемот „Злетовица“. Од изутрината се врши постепено бетонирање на првиот чеп од браната, по спуштањето на затворачите од браната Кнежево.
Приоритет за изградба на четири патни правци во општина Струмица
Струмица – Советот на општина Струмица донесе одлука за утврдување на четири приоритетни локални патни правци кои ќе бидат изградени или реконструирани со средства од фондовите на Европската банка за обнова и развој.
За две седмици ќе започне санацијата на свлечиштето меѓу Ресен и Битола
Охрид - За десет до 15 дена ќе започне санацијата на свлечиштето, односно реконструкцијата на магистралниот пат Охрид-Битола, најави во Охрид министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Заврши Летната школа за архитектура 2010 година во Крива Паланка
Во Центарот за култура e отворена изложба на 12 архитектонски дела, создадени во рамки на 19-тата сесија на меѓународната „Летна школа за архитектура 2010 година“, што се одржа од 3 до 11 јули во конаците на манастирот „Св. Јоаким Осоговски“.
Реконструкција на железничката пруга од Коридорот 10 со средства од ЕБОР
Скопје - Македонија со заем од Европската банка за обнова и развој ќе ја реконструира железничката пруга од Табановце до Гевгелија, која е дел од Коридорот 10. Заемот во износ од 17,6 милиони евра го одобри Бoрдот на директори на Банката на 6-ти овој месец.
Почина архитект Крум Томовски
Скопје - На 86 години вчера во Скопје почина академик Крум Томовски.
Роден е на 21 декември 1924 година во Скопје. Гимназија завршил во Скопје, а дипломирал во 1952 година на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград. Веднаш по дипломирањето e избран за асистент на Техничкиот факултет во Скопје. Во 1958 година е избран за доцент по предметот развој на архитектурата, во 1965 за вонреден професор, а во 1971 година за редовен професор на Архитектонскиот факултет.
Извештајот за аферата „Климагејт“ главно ги оправдува научниците
Лондон - Електронската пошта, која е украдена од еден од водечките светски центри за истражување на климатските промени, не содржи докази кои би ги поткопале тврдењата на научниците дека во тек е глобално затоплување, предизвикано од човечкиот фактор, се наведува во еден независен британски извештај.
Браната на „Злетовица“ ќе се полни со вода
Кочани - Почнуваат обврските на хидроенергетскиот систем „Злетовица“ за враќање на кредитот кој Јапонската банка пред шест години го одобри во висина од 80 милиони долари за изградба на овој капитален хидроенергетски систем во Источна Македонија. Првата рата од кредитот е во октомври.