-->
Насловна / (page 983)

Author Archives: Порта3

Feed Subscription

Локалитетот Локви – Горно Коњари споменик на природата

vr-lokalitet-lokvi-golemo-konjari-prilepsko.jpgСкопје - Собранието на Република Македонија го поддржа Предлог-законот за прогласување на локалитетот Локви - Големо Коњари за споменик на природата и го даде на натамошно читање. Со донесувањето на законот ќе се овозможи заштита, зачувување и одржување на живеалиштата, екосистемите и видовите во природна состојба, како и одржување на природно воспоставените еколошки процеси во овој локалитет.

повеќе »

АРХИТЕКТУРАТА Е ФОРМА КОЈА ТРЕБА ДА Е УБАВА

forum138.jpgКако започна се? Најпрвин се појави компјутерски оживеано филмче со име „Скопје 2014”. Беше под заштита на државата, која е ЗА. Веднаш го зеде „под свое” опозицијата, која е ПРОТИВ. Под итно го прифати јавноста, која е ЗА - ПРОТИВ. Преку ноќ стана најдискутираниот филм во Независна Република Македонија и во македонската кинематографија, воопшто. Во сиот хаос и врева, некаде на маргините, а некои велат - од подземјето, се појавија и зборовите архитектура и архитекти. Некои се појавија дури и лично, ама после. А хаосот трае ли, трае...

повеќе »

Една од најголемите странски инвестиции во земјава

investicija.jpgФабриката за откуп, преработка и складирање на тутун Сокомак АД Битола, чија вредност е околу 40 милиони евра, е една од најголемите странски инвестиции во државава последниве години. Нејзината изградба беше предизвик, како од конструкциски, така и од градежен аспект. Генерален изведувач беше словенечката компанија ТРИМО, односно нејзината фирма во Македонија.

повеќе »

Антагонизам помеѓу стаклена елипса и бетонски лист

antagonizam.jpgКако се градат објекти кои стануваат нови репери во својата околина, покажува примерот на објектот „Сан Марко“ во Скопје чиј автор е архитектот Ѓорѓи Мојсов. Зградата се наоѓа во строгиот центар на градот, во непосредна близина на Телеком, Градскиот плоштад и Камениот мост. 

повеќе »

Подемот и падот на кулата

podemot_i_padot_na_kulata.jpgТри 99 катни кули се предвидуваат за девет хектарската реперна парцела во Општината Центар наспроти хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје. Тие треба да обезбедат станбен, јавен, комерцијален и деловен простор на оваа локација, веќе наменета за облакодери по урбанистичкиот план на Танге.

повеќе »

Поставени двата лава на јужната страна од мостот „Гоце Делчев“

lavovi.jpgСкопје - Општина Центар утринава почна со поставувањето на двете спомен-обележја „лав“ на јужната страна од мостот „Гоце Делчев“, од авторите Елена и Дарко Дуковски. Лавовите се високи пет метри и пет тони тешки, а излеани се во бронза во леарницата „Фернандо Маринели“ од Фиренца. Лавовите се поставени на армирано-бетонски постаменти, со висина 3,5 метри, ширина 2,4 метри и должина 5,5 метри, изработени од фирмата „Бетон“.

повеќе »

Две фирми заинтересирани за инвестиции во штипската техничко-технолошка зона

zona-stip.jpgШтип - Две странски компании се заинтересирани за инвестирање во новата техничко-технолошка зона кај приградската населба Три чешми во Штип.
Според градоначалникот Зоран Алексов, заинтересираните инвеститори оствариле средби со него, но склучувањето на договорите го реализира централната власт.

повеќе »

Осум компании заинтересирани за Полошката депонија

poloska_deponija.jpgСкопје - Осум компании се пријавиле на Јавниот повик за доделување концесија за финансирање, проектирање, изградба и управување со регионална депонија за комунален цврст отпад во Полошкиот плански регион.

повеќе »

Автопатот Приштина – Скопје ќе биде финализиран во септември

avtopat.jpgПриштина - Косовскиот министер за транспорти телекомуникации Фатмир Лимај најави дека наредниот месец ќе се финализира проектот за автопатот Приштина - Скопје, кој ќе биде даден под концесија.

повеќе »

Околу 40 милиони денари за изградба и реконструкција на комуналната инфраструктура во Струмица

strumica-infrastruktura.jpgСтрумица – Во општина Струмица е во тек реализацијата на триесетина комунални и инфраструктурни објекти предвидени со програмата за оваа година, а финансирани со околу 40 милиони денари од касата на општинскиот буџет.
Во моментов интензивно се работи на комплетната реконструкција на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во вкупна вредност од 3,5 милиони евра. Финализацијата на овој капитален проект треба да биде заокружена до почетокот на декември оваа година.

повеќе »

gensler, reed hilderbrand и tadao audo заеднички работеа на новиот арт музеј во Williamstown

sad.jpgАрт музејот и центар за истражувања и едукација, „The Sterling and Francine Clark Art Institute“, започна со изведба на својот кампус. Урбанистичкиот проект претставува голем просторен потег во пејзажот на новите објекти со галерии на институтот и простории за јавни и академски програми, совршено се интегираат со своето рурално опкружување.

повеќе »

KcaP ќе гради еколошки населби во Moerwijk

holandija2.jpgThe Moerwijk housing estate, што го дизајнираше Dudok, ќе биде делумно изменет во наредните неколку години. Со новиот урбанистички план на KCAP, населбите за домување покрај Erasmusweg ќе бидат еден од првите чекори од проектот за урбана обнова. Населбите содржат 81 стан со галерии- апартмани и мезонети на приземјето, како и појас од 27 тераси.

повеќе »
Scroll To Top