--> -->
Насловна / (page 973)

Author Archives: Порта3

Feed Subscription

Тасманскиот Сафир најдобар хотел за 2011

tasmanski-safir-thumb.jpgНајновиот супер-луксузен туристички ресорт во Австралија претставува материјализација на есенцијата на недопрената природна околина. Хотелскиот комплекс, едноставно наречен Saffire, е лоциран на Coles Bay, во областа Тасманија во Австралија. Идејните творци, проектанти и изведувачи се архитектите од австралиската компанија Circa Architecture.

повеќе »

Браните и акумулациите под предизвиците од промените

icold-thumb.jpgКако активен и важен член на семејството ICOLD, Швајцарија одржува долга традиција во изградба на брани. Постојат 48 брани повисоки од 60 метри, од кои 25 брани се повисоки од 100 метри, вклучувајќи ја и 285 метри високата Гранд Дикенс брана, што е највисока бетонска гравитациона брана во светот. Поради напредниот концепт на проектирање, изградба и експлоатација, браните во Швајцарија имаат успешен рекорд во поглед на сигурноста, иако повеќето од нив се изградени и се во употреба повеќе од 50 години.

повеќе »

Имаме тим способен да одговори и на најголемите предизвици

predizvici_thumb.jpgУспехот, во однос на останатите, го темелиме врз основа на своите три основни принципи, кои цело време при работата ги држиме како константа, а тоа се: стручност, одговорност и исполнителност, што генерално кажано ретко кој може, односно сака да ги почитува. Ако до лани имавме разбирање и толеранција за некои пропусти и недефинираности при работата на Комората, заради нејзиното основање, сега веќе нема оправдување за тоа. Мој личен предизвик и понатаму останува изградбата на првата „базно-изолирана“ зграда кај нас во Македонија, но и проектирање на мост во Скопје на атрактивна локација со „светски“ изглед во конструктивна смисла.

повеќе »

Актерите ќе учат околу црковни објекти

crkovni-objekti_thumb.jpgВо околината на црквата „Пресвета Богородица“ ќе се гради објект на Академијата за драмски уметности. Ова е најзначајната новина што е внесена во деталниот урбанистички план за локалитетот, чии измени и дополнувања беа усвоени од Советот на општина Центар. Со измените, една голема градежна парцела се дели на две, при што половината сега е наменета за Академија на драмски уметности, а втората половина останува со истата намена - објект за државна и локална управа.

повеќе »

Mакедонско решение за европски стандарди

saga-b_thumb.jpgПроектирање по европски прописи на армирани бетонски згради според еврокодот EC2/EC8 и брза анализа на конструкциите ќе овозможи софтверското решение IZIIS SAGA-B на Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), кое беше промовирано во Институтот. Софтверот, според директорот на ИЗИИС Михаил Гаревски, е на ниво на водечките светски софтвери, а неговата изработка е особено важна за науката и за градежништвото во Македонија. „

повеќе »

Покана до архитектите за Биеналето „Леонардо2011“ во Белорусија

minsk18.jpgБелорускиот сојуз на архитекти упати покана до архитектите од ААМ за учество на Биеналната изложба во Минск, „Леонардо 2011“. Право на учество имаат архитекти до 40 години. Целта на биеналето е работата на младите архитекти меѓународно да се вреднува, прикаже и истовремено да се претстават трендовите кои доаѓаат.

повеќе »

Милано, ајде позелени!

milano_ajde_pozeleni_5.jpg

Франческо Читро - Имаме многу бои, нè има многу, а нè спојуваат мноштво идеи. Освојувачи сме на просторот!“

Натпреварувањето за ЕКСПО 2015 започнува тука на плоштадот Дуомо, каде што архитектот Ренцо Пиано предложи да посади неколку дрвца, со цел да се даде јасен знак дека нештата се менуваат, дека ни е потребен позелен живот и позелено место за живеење. 

повеќе »

Метод на апликативни елементи

aplikativni_elementi_thumb.jpg

The Applied Element Method, или AEM е нов метод на анализа, кој со голема точност предвидува што се случува во конструкциите, пред и по нивниот колапс. Конечно, инженерите имаат на располагање алатка со која може да се определи тоталниот ефект при екстремни услови на товарење.

повеќе »

Конкурсот – потврдена метода за компаративно одмерување на идејни решенија

konkurs_metoda_thumb.jpg

Целта на Правилникот е вистински да се чуе гласот на архитектите и тие во свои раце да ја преземат одговорноста за градењето на јавните добра во иднина. Него, со меѓусебен договор, треба да го применуваат и спроведуваат Одделението за архитектура во Комората на овластени инженери и на овластени архитекти на Македонија и Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

повеќе »

Спасот е во одржливи решенија за комуналниот отпад

komunalen_otpad_thumb.jpgОд година во година, ние во Македонија се обидуваме да го копираме „американскиот начин на живот“ - познатата “throw away" култура, според која, производите и добрата се користат нецелосно, односно се фрлаат и се менуваат со нови пред воопшто да им заврши животниот век.

повеќе »

Автентичност која исчезнува

avtenticnost_koja_isceznuva_thumb.jpgЗа време на владеењето на султанот Мурат II (1421-1451), бил донесен ферман со кој штипското Ново Село било прогласено за војничка и чуварска населба, и добило посебни права и привилегии. Тука, сè до почетокот од минатиот век, живееле голем број богати фамилии, кои во свои раце ја имале трговијата и занаетчиството на градот Штип.

повеќе »
Scroll To Top