-->
Насловна / (page 971)

Author Archives: Порта3

Feed Subscription

Имели – полупаразитски растенија

imela-thumb.jpgИмелите се полупаразитски растенија бидејќи од растението домаќин ги користат неорганските материи, а со помош на зелените ливчиња и сончевата светлина сами произведуваат органска материја потребна за нивниот раст и развиток.

повеќе »

Бело софистицирано и елегантно

potkrovje-bel-enterier-thumb.jpgВо теоријата на ентериерите прецизно е појаснет феноменот на поткровјата, зошто луѓето толку сакаат да живеат во таков простор, зошто најубавите спални соби се секогаш во поткровјата ... Привлечноста на овие простори за домување се крие во присуството на повеќе ѕидни и тавански површини отколку во стандардните станови. Ѕидовите значат закрила, сигурност. Покрив кој можеме да го допреме со едната рака секогаш го затоплува додатно ентериерот.

повеќе »

Архитектура која го обвиткува телото

arhitektura-koja-go-oblikuva-teloto-thumb.jpgДодека бројни изложби ја истражуваат врската помеѓу уметноста и модата, помалку внимание е посветено на нејзиниот однос со архитектурата и покрај големите преклопувања на стратегии и техники кои ги споделуваат и поврзуваат овие две дисциплини. Од 80-тите години на минатиот век, голем број авангардни модни дизајнери им пристапуваат на облеките како архитектонски конструкции, додека самата архитектура смело ги прифаќа новите материјали и форми.

повеќе »

Градителско сведоштво за идните генерации

muzej-na-makedonskata-borba-za-drzavnost-i-samostojnost-thumb.jpgИнспирацијата од своето минато не можете да ја увезете, да ја донесете и да ја пренесете, бидејќи таа е тука, околу нас и заедно со нас. Единствено што ви преостанува е само да ја почувствувате и да ја откриетe. Имаме среќа што се родивме, растевме, едуциравме и твориме во земја, каде што не би требало да чекориме тврдо- главо и насилно, туку со почит и одважност затоа што секоја педа од оваа земја е историја, или како што би рекол професорот Борис Чипан „на секој чекор се сопнуваме од остатоци од историјата“.

повеќе »

Идеен проект на делница од магистрален пат Косел–Охрид–Св.Наум

kosel-ohrid-resen-thumb.jpgИзборот за изработка на дипломска работа од областа на проектирање патишта и патни јазли, ја донесов од една едноставна причина запознавање со процесот на проектирање и изработка на проект кој ќе претставува оптимално техничко, економско, сообраќајно и просторно решение со сите негови содржини. Одлуката ја донесов во консултација со мојот ментор проф. д-р Радојка Дончева, редовен професор на Катедрата за патишта при Градежниот факултет во Скопје.

повеќе »

107 милиони евра за изградба на делницата Демир-Капија – Смоквица

obikolnica-tender-thumb.jpgМакедонија доби 107 милиони евра заем од ЕБОР за изградба на делницата Демир-Капија - Смоквица. Средствата во износ од 107 милиони евра се обезбедени со денеска потпишаниот договор со Европската банка за обнова и развој. Договорот за заем го потпишаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и директорот за транспорт на ЕБОР Сју Барет.

повеќе »

Од фабрика до трговски центар

od-fabrika-do-trgovski-centar-thumb.jpgТековите на современиот урбанизам и агилноста на развиените европски општински центри, резултира со интервенција на пренамена на објекти кои веќе не се рентабилни, кои ја губат својата функција или пак, најчесто стануваат еколошки „непријатели“ на човековата околина.

повеќе »

Еден или три музеи на Скопското Кале?

muzei-na-skopsko-kale-thuymb.jpgАрхитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, во пролетта 2008 година одлучи да реализира продлабочена настава од областа на градителското наследство на тема „Археолошки музеј Горен град - Кале, Скопје“. Во текот на два семестри, во овој проект зедоа учество четири професори, два асистенти и други соработници. Тие работеа со 24 студенти, и изработија студија за значењето и вредностите на Калето од различни аспекти, и предложија нови соодветни локации за подигање на тематски археолошки музеј.

повеќе »

Неповторлив амбиент под златниот врв

treskavec-6.jpgСредновековниот градителски комплекс на манастирот Трескавец претставува единствен споменик на културата, не само кај нас во Македонија туку и пошироко на балканските простори, како по своите архитектонски така и по своите сликарски остварувања. Подигнат е на тешко пристапен терен под Златоврв (1422 м), меѓу грамадни карпи кои го сокриваат од ветровите, но и од погледите оддалеку.

повеќе »

Македонија ја доби првата куќа од бродски контејнери

brodski-kontejner-thumb.jpgШтипјанецот Влатко Зејтиников го заврши својот нов дом. Тој е сопственик на првата куќа изградена од брод ски контејнери, пионер во користење на материјали кои значат екологија, заштеда и пониска цена на чинење.

повеќе »

Нови брани и хидроелектрани во Македонија

hidrocentrali-vo-makedonija-thumb.jpgЗначително зголемување на производството на енергија и на акумулациите на вода. Средногодишното производство на електрична енергија од новите хидроелектрани би било 659,9 GWh или 330,1 kWh, што заедно со производството од постојните хидроелектрани би било 1860,2 GWh или 930,1 kWh по жител во Македонија.

повеќе »

„Александар Велики“ со нов лик

aerodrom-aleksandar-veliki-thumb.jpgСо додавање на нова терминална зграда од 40 илјади квадратни метри со шест патнички пристапни мостови, „ТАВ Аеродроми“ го зголеми капацитетот на 4 милиони патници, ја прошири пистата, како и карго делот и паркинг просторот. Изграден е карго хангар со капацитет од 40.000 тони годишно, нова противпожарна станица, службена зграда од 5.000 квадратни метри, паркинг за 1.300 возила, 23 места за чекирање, а постојната писта е проширена за 500 метри.

повеќе »
Scroll To Top