Author Archives: Порта3
Feed SubscriptionАрхитектура на иднината: Калифорнија ќе гради прв суперсеизмички медицински центар
Дизајнот кој е дело на архитектите од студиото “Ахен и Ален“ предвидува придвиж ување од 80 сантиметри во хоризонтала и пет сантиметри во вертикала во случај на земјотрес. Според Марк Тискорнија, проект-менаџер на студиото “Ахен и Ален“, вели дека првичната интенција не била зградата да биде сеизмички отпорна, бидејќи била проектирана како стандардна врз база на 2-Д скици. Промената се случила во текот на изработката на дизајнот на зградата кога било утврдено дека ќе се гради во близина на Сан Андреас кој има нестабилно земјиште. Од тие причнни, било побарано да се изработи 3-Д модел на објектот.
Со него се утврдени сите параметри кои ќе му овозможат на овој важен медицински центар да му се спротивстави на кој било земјотрес.
повеќе »Во 2007 година: Градежниците извршиле работи вредни близу седум милијарди денари
Вкупната вредност на извршените градежни работи на објекти што ги граделе деловни субјекти кои се занимаваат со градежна дејност во 2007 година изнесува 6.989.667.000 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, лани се градело на вкупно 793 објекти. Вредноста ...
повеќе »ХС „ЗЛЕТОВИЦА“: „Кнежево“ прва асфалтно-бетонска брана на Балканот
Првата лопата бетон во темелот ја фрли Кен Јамамото, директор за инвестиции за Европа и Југоисточна Азија на Џејбик банката од Јапонија, која ги одобри 80-те милиони долари кредит со кои се гради регионалниот хидросистем. Од него вода за пиење ќе добиваат 100.000 жители од шест општини од источниот дел на државата.
повеќе »Премногу градби ќе го задушат центарот
Со измените во деталните урбанистички планови за централното градско подрачје Скопје ќе стане средновековен град со тесни и непроодни улички и со мал плоштад, беше заклучено на седницата на градското партиципативно тело за урбанизам, кое го сочинуваат пет експерти од ...
повеќе »Без жолтата боја на Рајт на фасадата на „Гугенхајм“
Стручњаците на њујоршкиот завод за заштита на спомениците категорични Стручњаците на њујоршкиот Завод за заштита на спомениците го одбија предлогот фасадата на музејот “Гугенхајм” да се обои во онаа нијанса на жолта боја која првобитно ја избра архитектот на овој ...
повеќе »Претседателот Црвенковски на најдобрите дипломци им го врачи Инженерскиот прстен
Мери Батакоја: Архитектурата најдобра и најрадосна професија
Специјалната награда што на дипломците по архитектура им ја доделува компанијата “АДИНГ” годинава отиде во рацете на Мери Батакоја, за најдобра дипломска работа. -Станува збор за повеќенаменски монтаж ен објект на работ на градот Скопје. Објектот е наменет за трговија, ...
повеќе »Салата „Борис Трајковски“, најмултифункционален објект во земјава
- Првиот тест салата го помина успешно, со манифестацијата за отворањето, кога “Харлем Глобтротерс” ги забавуваа скопјани. Луѓето обично велат дека ако нешто не знаете, треба да го препишете, но, ние ниту сега, ниту додека траеше изградбата немавме од кого да ги преземеме искуствата. Ваков повеќенаменски спортски објект нема во целата земја. Има во соседството, но не можеме да се споредуваме со нив, затоа што градежните работи, уредувањето, опремата и се друго има различни цени во различ ните држави. Најдобро е да направиме уште неколку тестови со максимално оптоварување со луѓе, за да видиме дали ќе се појават одредени аномалии. Ако има такви случаи, уште веднаш ќе реагираме - истакнува Змејковски.
повеќе »