--> -->
Насловна / Author Archives: Порта3 (page 1663)

Author Archives: Порта3

Feed Subscription

Поинаков поглед на хетерогениот град

Image
РАБОТИЛНИЦА „РЕМАПИРАЊЕ НА СКОПЈЕ” ВО КУЛТУРНИОТ ЦЕНТАР „ТОЧКА”

Иницирање на опсежни уметнички, архитектонски, комунални и други размислувања за современиот градски простор во Скопје беше идејата на интердисциплинарната меѓународна работилница под наслов “Ремапирање на Скопје”, што од 29 септември до 5 октомври се одржуваше во културниот центар “Точка”. Организирани во интернационална група студенти и уметници од Скопје, Словенија, САД, Нов Зеланд и од Германија дадоа поинакви погледи на градот, при тоа обидувајќи се да ја покажат неговата сложеност и хетерогеност, со цел да придонесат за надминување на поделбата на градот долж етнички граници. Можност за своја партиципација во овој проект имаа и сите граѓани на Скопје кои беа поканети во таканаречената Урбана лабораторија - отворена архива во културниот центар “Точка” да ги изложат своите идеи, мислења и сеќавања на градот и да донесат стари фотографии.

повеќе »

Конечно оформен предметот Мал ринг

Со задоцнување од околу една недела Општина Центар ги достави потребните документи до Уставниот суд за да може да се оформи предметот за оценување на законитоста на Деталниот урбанистики план за Малиот ринг, по претставката што ја поднесе градоначалникот Трифун Костовски. Општината го проби рокот од 15 дена што Судот £ го даде за да достави одговор на барањето на Костовски. Таа требаше да даде мислење за тоа дали со усвојувањето на планот за Малиот ринг е прекршен Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Општинарите од Центар, ни изјавија дека испратиле одговор до судот, но не сакаа подетално да го коментираат случајот.

- Документите што беа побарани се испратени. Сега останува на Судот да одлучи дали има нешто спорно со планот или не. Причина за доцнењето беше тоа што немаше кој да ги потпише потребните документи - рекоа од таму.

повеќе »

МИХАИЛ ТОКАРЕВ: 100 ГОДИНИ МОДЕРНА АРХИТЕКТУРА (49)

Image
Книга 1 : Големите движења и мајстори - резимирани извадоци

 

В. Дефинирање и насоки (1)

 

Чарлс Џенкс смета дека постмодерната архитектура произлегува директно од т.н. модерен регионализам, кој својот врв го достигнува во теоријата и практиката најнапред кај Роберт Вентури, а потоа кај: Чарлс Мур, Роберт Стерн и Мајкл Грејвс. Џенкс тврди дека овие четворица американски архитекти на највпечатлив начин ја имаат одбележано постмодерната и можат да се наречат постмодерна школа за да се издвојат од широкото движење кое опфаќа мноштво други пристапи. Според Џенкс, два настана имаат пресудно влијание врз воспоставувањето на општиот карактер на постмодерната школа, а тоа се: Венецијанското биенале (1980), посветено на темата “Присуството на минатото“, каде што едногласно е потврдено прифаќањето на историцизмот; и постмодерниот класицизам на Џејмс Стирлинг и Мајкл Грејвс, што го одредува заедничкиот стил.

повеќе »

МИХАИЛ ТОКАРЕВ: 100 ГОДИНИ МОДЕРНА АРХИТЕКТУРА (48)

Книга 1 : Големите движења и мајстори - резимирани извадоци

 

ПОСТМОДЕРНА ИЛИ АРХИТЕКТУРА НА КРСТОПАТ Б. Развој (4)

 

Истражувањето на силуети на огледалните објекти, кои најефектно би го изразиле блесокот и рефлексијата на стаклото, води кон традицијата на модерната од крајот на XIX век и кон, за тој период, омилениот судир на волумените со сложени праволиниски потези. Притоа, архетипови на огромните објекти повеќе стануваат минијатурните каприци на овој стил, како што е мебелот и урбаната опрема, отколку самата архитектура. Карактеристичен пример за наведената поставка претставува административниот објект во Ипсвич, В. Британија (1975) на Норман Фостер (1935). Со меко извитканата огледална фасада од темно стакло, овој објект прави асоцијација на гигантско пијано. Критичарите, во неговиот блесок гледаат семантички одраз на “студенилото” во административната дејност.

повеќе »

Архитектурна димензија на автосветот на БМВ

Image

... НЕИМАРСТВО НА ИДНИНАТА

 

Автогигантот БМВ може да се пофали со градежна иновација која со полно право го носи името “БМВ Свет“. Центарот почна да се гради на 16 јули 2004, а е завршен за три години. “БМВ Светот“ никна на просторот на некогашниот автоолимписки парк во Минхен. За да се дизајнира беа потребни 800.00 часови на планирање, соработка на 120 архитекти и инженери и над 150.000 планови за негова констуркција.

повеќе »

ГРАДЕЖНИ ЈУБИЛЕИ: Сеикан – најголемиот светски тунел прослави 20 години

Image
Со должина од 53 километри, Сеикан тунелот во Јапонија е најголемиот и најдолгиот железнички туннел на светот. Од споменатата должина, дури 23 километри поминуваат под морското дно.Иако тунелот помеѓу Франција и Англија кај Ла Манш има поголема должина под морското дно, сепак јапонската гордост останува број еден заради вкупната должина. Сеикан тунелот е лоциран помеѓу островите Хоншу и Хокаидо, како дел од линијата Каикјо на железничката компанија.

Велат дека благодарение на тунелот, железничкиот сообраќај е најевтиниот транспорт во Јапонија, а приматот број еден, овој тунел ќе го задржи до 2018 година кога е планирано да се отвори т.н. Готард тунел.

повеќе »

Средба на двата лака

МОНТАЖА НА ЧЕЛИЧНАТА КОНСТРУКЦИЈА НА ПЕШАЧКИОТ МОСТ НА МОРАЧА На градилиштето на пешачкиот мост на Морача во Подгорица, моментно се монтира челичната конструкција со помошните елементи, од островот направен во коритото на реката. Како што може да се види од ...

повеќе »

Едноставно, модерно и убаво

Млада брачна двојка со едногодишно дете треба да се всели во стан во центарот на градот. Планираат промена на електричната, водоводната и канализационата инсталација, реновирање на бањата, замена на вратите и прозорците во станот и функционално издвојување на дневната, трпезаријата ...

повеќе »

Местото каде што Сонцето ја менува судбината на човекот

Image
СЕ ИСКАЧИВМЕ НА МЕГАЛИТСКАТА ОПСЕРВАТОРИЈА КОКИНО

Испреплетување на паралелни светови. Иреалност. Мистичност. Лутам меѓу термини и повторно како да ми фали вистинскиот збор за да го опишам чувството што ме обзема додека по лизгавата земја, нога пред нога се искачувам на Татиќев камен, во кумановскиот регион. Теренот е стрмен, јас не сум по искачувањето, ама овојпат предизвикот е голем - морам да видам што е тоа на врвот на планината што остава без здив, што крие илјадагодишни тајни и одблизу се познава и со Сонцето и со Месечината. Името му е Кокино, мегалитска опсерваторија стара 4.000 години која потврдува континуитет на животот на ова мало парче земја наречена Македонија. Тој податок ми го грее срцево и продолжувам по нашиот водич Ѓоре Ценев, раководител на Планетариумот при Младинскиот културен центар кој седум години активно го истражува Кокино.

повеќе »
Scroll To Top