Вкупно 41 студент од Градежниот факултет во Скопје лани доби стипендија од Фондацијата за стипендирање на студенти по градежништво и геодезија, основана од Факултетот и од неколку донатори во 2004 година. Од нив 24 ги исполнија условите паричната помош од Фондацијата да ја добиваат и оваа академска година. Или, од вкупно 13 стипендирани студенти од прва година правото да ги задржат средствата и во втора година го оствариле 11, од 9 во втора година условот го исполниле седум, од 11 стипендисти во трета година Фондацијата годинава ќе поддржи само 7 студенти.
Услов за задржување на стипендијата е сите испити да се положат заклучно со септемвриската сесија и тоа со просечна оценка над 8.
На состанок со донаторите деканот на Градежниот факултет Петар Цветановски посочи дека лани наместо 10, на студентите им се исплатени по 9 стипендии, за што причина е ненавремената уплата на средствата. Донаторите велат дека немаат намера да се повлечат од Фондацијата, но бараат да бидат потсетени кога треба да ја извршат уплатата.
повеќе »